Совршен и лесен начин за фарбање на велигденските јајца. На сите им успева и бојата останува преубава. Шарите сами се формираат.

Потребни состојки:

10-15 јајца
-по две кесички од секоја боја: црвена, сина, зелена и виолетова (овие се најдобри, може и други)
-алкохолна киселина (бел оцет)
-лимена цедалка со дупчиња

Постапка:

Јајцата сварете ги вода околу 4-5 минути и оставете ги да се изладат.

Потоа во подлабок сад ставете вода, ставете ја цедалката, а водата не смее да влегува во цедалката.

Наредете ги јајцата, натопувајте одозгора оцет (со прстите испрскајте).Ставете на оган водата полека да се загрева, па врз секое јајце истресете малку зелена, па сина, па црвена…боја, а ако јајцата почнат да се сушат, испрскајте ги со уште малку оцет одозгора.

Поклопете ги и оставете ги околу 10-15 минути пареата да ги исшара јајцата.

Потоа јајцата измијте ги од вишокот боја и премачкајте ги со масло за да добијат убав сјај.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: