Фарбањето на велигденските јајца е традиција, па како што наближува големиот христијански празник Велигден, така домаќинките испробуваат нови начини за фарбање на јајцата. Порано, кога не постоеле купечки готови бои, се користеле природни намирници за фарбање.

Овојпат Бранка ни откри три начини за природно фарбање на велигденските јајца. За фарбање ќе би бидат потребни: коприва, црвена зелка, 5-6 лажици кафе, вода, јајца, масло, оцет, сол и ракавици.

Потребни состојки:

ЗЕЛЕНИ/ЖОЛТИ ЈАЈЦА: Фарбање јајца во коприва

копривата прелијте ја со вода
додајте сол и оцет

Наберете коприва со ракавици, исечкајте ја ситно на парчиња од 10-15 см за полесно да можете да ракувате со неа. Исечканата коприва ставете ја во тенџерето во кое ќе ги фарбате јајцата и прелијте ја со вода. Додајте малку сол и наредете ги јајцата.

ставете ги јајцата и варете 20-тина минути на умерена темоература
Оставете да се оладат неколку часови

Додајте две супени лажици оцет и вклучете ја ринглата на умерена температура. Откако ќе зоврие, варете уште 15-20 минути. Потоа оставете неколку часови убаво да се олади, па внимателно вадете ги јајцата и бришете ги со хартиена салфетка, а потоа премачкајте ги со масло.

Потоа извадете ги и избришете ги со хартиена салветка
премачкјате ги со масло за да добијат сјај

Коментар на Бранка: „Не сум задоволна од бојата која ја добив, очекував поинтензивна зелена или жолта боја, не знам зошто овојпат јајцата не ја примија бојата од коприва. Но, ете, и ова може да се случи. Имаат многу слаба жолтеникава нијанса која во видеото не се гледа“.

Зелени велигденски јајца

СОВЕТ: Во копривата додајте и спанаќ, прелијте со вода и зовријте ја. Оставете да се олади и проверете ја бојата на течноста. Доколку интензитетот на зелената боја е доволно силен, тогаш ќе добиете убаво зелени јајца. Понатаму постапката е иста како што е претходно наведено.

СИНИ ЈАЈЦА: Фарбање јајца во црвена зелка

зелката прелијте ја со вода
додајте сол
додајте оцет

Црвената зелка исечкајте ја ситно и наредете ја на дното од големо тенџере во кое ќе ги фарбате јајцата. прелијте со вода. Додајте една супена лажица сол и две супени лажици оцет, па внимателно наредете ги јајцата. Вклучете ја ринглата на умерена температура.

наредете ги јајцата и варете ги 20-тина минути
оставете ги да се оладат неколку часови
вадете ги и бришете ги со хартиена салфетка

Од моментот на зовривање, варете ги јајцата во зелка околу 15-20 минути. Потоа оставете ги неколку часови во истото тенџере заедно со зелката додека убавои да се изладат. Едно по едно вадете ги јајцата, бришете ги со хартиена салфетка и премачкувајте ги со масло.

премачкјате ги со масло за сјај

КАФЕАВИ/ЖОЛТИ ЈАЈЦА: Фарбање на јајца во кафе

јајцата посолете ги
додајте оцет
додајте кафе
налијте со вода

Во подлабоко тенџере во кое планирате да ги фарбате јајцата, внимателно наредете ги, додајте една супена лажица сол, две супени лажици оцет, 5-6 супени лажици мелено кафе и прелијте со вода. Вклучете ја ринглата на умерена температура, а од моментот кога ќе зоврие варете уште 15-20 минути.

ставете на оган и внимавајте кафето на ви претече
варете 20-тина минути
вадете ги и бришете ги со салветка
за сјај премачкјате ги со масло

Јајцата оставете ги во тенџерето да се оладат неколку часови, а можете и веднаш додека се топли да ги вадите. Потоа внимателно вадете ги едно по едно, бришете ги со хартиена салфетка и премачкајте ги со масло за да добијат убав сјај. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.