Фантастичен кашест сок од јагоди наменет за деца, здрав, полн со витамини, без конзерванси

Направете го, превкусен сок!

Потребни состојки:

1 кг јагоди
100 г кафеав шеќер
1 лимон
1,5 вода +- (зависни од јагодите)
Блендер

Постапка:

Јагодите убаво се мијат и се чистат, па се ставаат во блендер со малку вода. Ако не ги собира сите одеднаш, блендирајте ги дел по дел, а кашестата смеса истурајте ја во поголема шерпа.

Кога ќе ги изблендирате сите јагоди, во кашата додадете го шеќерот и сок од еден лимон, а ако е премногу густо, додадете уште малку вода.

Започнете со еден литар вода која ќе ја искористите при блендирањето и потоа додавајте по потреба (уште 300-500 мл).

Шерпата со кашестиот сок се става на оган да проврие 3 минути, не повеќе, колку да се уништат евентуални бактерии доколку ги има.

Додека врие сокот соберете ја пената.
Врелиот сок се складира во шишиња.

Ако не ви се претходно загреани шишињата сокот постепено истурајте го преку инката за да не дојде до пукање на стаклото.

Шишињата завиткајте ги во ќебе и така да изладат преку ноќ.

Откако ќе се отвори шишето сокот се чува во фрижидер. Сокот се чува на темно и ладно.

За деталите погледнете го видеото: