Евтина и брза гибаница од 3 состојки

Пригответе многу брз, вкусен и едноставен ручек. Доколку немате месо, ова е вистинсакиот рецепт за вас, бидејќи ќе ги засите домашните, а притоа ќе уживаат во неговиот прекрасев вкус.

Потребни состојки:

½ кг кори за пита

Loading...

6 јајца

1 литар јогурт

1 лажица сол

Малку масло за подмачкување на тепсијата со величина од околу 30 см

Постапка:

Изматете јајца со миксер малку да запенат.
Додадете јогурт (оставете 3-4 лажици за премачкување).
Измешајте јајца и јогурт.
Премачкајте ја тепсијата со масло.

Ставете еден лист кора во тепсијата. Ставете уште еден врз него, но попреку. Земајте по половина кора, гужвајте, натопувајте во смесата и редете во тепсијата. Не ги притискајте силно една врз друга, редете ги така да биде пополнето, но не стиснато.
Исто така не го жалете филот кога ги потопувате корите.

Кога ќе завршите еден ред, земете една кора, па поделете ја на 3 дела (не мора прецизно, отприлика нека биде). Малку згужвајте, па распоредете тука и таму преку натопените кори. Продолжете со натопувањето и редењето преку овие суви кори.

Овие сувите ги ставаме за да упијат малку фил. Оставете една кора за горе.

Ако ви остане фил, прелијте го преку згужваните кори. Завиткајте ги краевите преку натопените кори. Ставете ја онаа преостанатата кора најгоре, малку згужвајте ја и премачкајте ја со издвоениот јогурт.

Печете на 200°C најмалку половина час. Кога гибаницата ќе зарумени, прекријте ја со хартија за печење одзгора, па печете уште 10 минути.

Како прилог можете да послужете кисело млеко, бидејќи тоа е совршена комбинација.

Loading...