ЕВТИН РУЧЕК ОД 4 СОСТОЈКИ: Лесно, здраво и примамливо јадење за 20 минути

Денес ќе ви покажам како да направите многу едноставен и вкусен рецепт за појадок, ручек или вечера. Брз и евтин рецепт со едноставни состојки. Вкусен рецепт за целото семејство. Со оваа пита може да експериментирате и да додавате состојки кои ги имате во фрижидерот.




По вкус е многу слична на зеленчуковите палачинки (ако сте ги правеле, сигурно ќе ве потсетат), а при секој залак се чувствува филот кој може да се направи и по сопствен вкус. Во продолжение прочитајте две опции за оваа пита од каналот на „Јадења и рецепти.“




РЕЦЕПТ 1. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, прстофат сол, 1 чаша (200 мл) млеко.
50 г кашкавал по избор (моцарела, ајдамер, чедар), зелен кромид (по избор), 2 парчиња сланина и путер за премачкување.




РЕЦЕПТ 2. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, сол, црн пипер, зачински билки, 300 мл (1 1/2 чаши) млеко, 50 г чедар кашкавал, 1/2 жолта пиперка, 1 зелен кромид, тава путер за премачкување.




ПОСТАПКА (за двата рецепти): Постапката е речиси идентична за двата рецепти, единствената разлика е во додавањето на состојките. За првиот рецепт, во еден подлабок сад ставете 6 јајца и убаво измешајте ги со жица/маталка додека да се соединат.




Додајте прстофат сол и други зачини по вкус (црн пипер, црвена или лута зачинска пиперка, куркума, кари, босилек, оригано…) и промешајте. Во садот ставете 1 чаша млако млеко. Настрана изрендајте еден кашкавал по вкус и додајте го во садот со јајцата.




Ситно исечкајте 1 дршка зелено кромитче на ситни кругови, па додајте ги во смесата од јајца и убаво соединете. Потоа, земете 2 или повеќе парчиња сланина, исечкајте ги на помали или средни коцки, па ставете ги на рингла да се пропржат. Кога сланината ќе стане повеќе мрсна и ќе биде крцкава, тргнете од рингла и соединете ја во смесата со јајца.




Една поголема тава или тавче премачкајте го обилно со путер на дното и по страните. Излејте ја едноличната смесата во тавата и внимателно ставете ја во рерна да се испече на 180 степени додека да добие убава, златна крцкава коричка за што ќе биде потребно отприлика 20-тина минути.




За вториот рецепт, ги мешате јајцата, го додавате млекото, зачинувате по желба, рендате кашкавал, ситно сечкате едно младо кромитче на кругови и пиперката на ситни коцки и сите состојки ги соединувате, како во првиот рецепт. Тавата се премачкува обилно со путер и питата се пече на 200 степени, околу 20-тина минути.

Ова јадење е многу здраво и има големи нутритивни вредности, пред сè има високо количество на протеини. За да го менувате вкусот и постојано да си имате различни варијанти, може да ставите повеќе зеленчук, сирење или нешто по ваш вкус. Деталите од првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ, а од вториот рецепт ОВДЕ.

Претходна статијаСЛАТКО ОД РЕНДАНИ ДУЊИ СО ОРЕВИ: Најбрза подготовка, еден од најубавите старински рецепти
Следна статијаРОЛАТ СО ЈАТКИ ЗА 10 МИНУТИ: Здрав и лесен десерт од кој спласнува стомакот