Со помош на овој раствор ќе имате најубава цветна градина. За да биде цвеќето бујно и здраво потребна е адекватна нега и да му се обезбеди повремена прихрана.

Овој рецепт за потполно природен раствор го користат цвеќарите за да го вратат во живот свенатото цвеќе, но и да го подобрат и поттикнат нивниот раст. Сè што ви е потребно се квасец и вода.

Кога земјата се полева со раствор од квасец, тогаш настанува зголемување на активноста на микроорганизмите, зголемување на содржината на макро и микронутриентите, а сето тоа придонесува за поубав и побуен изглед на цвеќето, но и побрзо напредување на неговиот корен.

Овој раствор многу лесно и едноставно се приготвува и не претставува голем финансиски трошок.

Потребни состојки:

50 г квасец
5 литри вода

постапка:

Во садот со вода ставете квасец, а може да додадете и многу малку шеќер. Убаво промешајте додека целосно да се растопи квасецот и оставете да отстои неколку часови.

Овој раствор не стои долго, па затоа неопходно е веднаш да се искористи или во рок од неколку денови. На еден литар се става 10 г квасец, па така може да приготвувате само онолку колку ви е потребно.

Вакво полевање се препорачува трипати месечно напролет и летно време, а двапати месечно во текот на есента и зимата. Многу брзо ќе забележите одлични резултати кај вашето цвеќе. Се полева директно во почвата, а не на листот и цветот.