Кога некој го прележал kopoна вирусот, мора да исполни три услови за да може повторно да биде со други лица кои не се заразени.

Сега веќе сите познаваат некој кој бил заразен и прележал koвид 19, меѓутоа и натаму, сепак, и болни и здрави и оние кои го прележале вирусот, мора да носат маски.

Бидејќи оваа зараза продолжува и натаму да се шири, од нашето опкружување познаваме некој кој ја прележале оваа инфекција (брат, сестра, соседи, колеги од работа, братучеди, пријатели…), па многумина го поставуваат прашањето, КОГА е безбедно да се биде во близина на некој кој бил заразен?

Дали тоа што сè уште кашла или се чувствува изнемоштено претставува опасност за оние кои не се заразиле со kopoна вирусот? Еве што велат експертите…

КАКО СЕ ШИРИ ВИРУСОТ

Kopoна вирусот многу лесно се пренесува од лице на лице главно преку респираторни капки и честички во воздухот – па кога некој кашла, кива, разговара или дури пее во непосредна близина на некој друг, тој другиот ризикува да се зарази со вирусот.

Вака заразеното лице може или не мора да развие симптоми, пренесува Health.com. Голем број луѓе заразени со вирусот можат да ги очекуваат првите симптоми во рок од 11 дена, иако периодот на инкубација се движи од три до 14 дена.

Во зависност од тежината на симптомите, болеста може да потрае една седмица или два дена, колку што е потребно за опоравување од помал облик на инфекција, или повеќе од шест седмици за сериозни слуачи кои бараат болничко лекување. Долгорочните ефекти на болеста може да траат со недели или месеци.

ТРИ УСЛОВИ ЗА КОНТАКТ СО ДРУГИТЕ

Според експертите од Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), кога можете да бидете во близина на некој кој неодамна имал koвид 18 во голема мера зависи од симптомите – особено ако ги нема.

Иако секоја ситуација е различна, лекарите велат дека за оние кои го прележале вирусот безбедно е да се движат меѓу други луѓе доколку ги исполнуваат следните три услови:

Поминале 10 дена од почетокот на нивните симптоми. Немале температура (без да земаат било какви лекови за намалување на телесната температура) најмалку 24 часа. Нивните симптоми (како кашлица и отежнато дишење) се подобриле.

Важно е да знаете дека луѓето кои се опоравиле од koвид 19 и натаму можат да имаат некои долгорочни симптоми, како што е отежнато дишење, умор или упорна кашлица или главоболка, но тоа не значи дека тие и натаму се заразни.

На некои луѓе им е потребно повеќе време за целосно да оздрават – вели д-р Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести и професор на Универзитетот Вандербилт.

Во други случаи, ако лицето имало позитивен тест на koвид 19, а немало симптоми, и воопшто не ги добие, американските лекари велат дека тоа лице може да биде во близина на други луѓе откако ќе поминат 10 дена од тестирањето. Секој кој има ослабен имунитет можеби ќе мора да остане дома подолго од 10 дена.

-Карантин од 14 дена за оние кои имале контакт со заразен

За оние кои имале близок контакт со лице кои има koвид 19 се препорачува да останат дома 14 дена по изложеноста. Меѓутоа, CDC неодамна призна дека двонеделниот карантински период може да претставува економска потешкотија за луѓето, и според тоа додадоа две нови опции за карантин.

Луѓето кои можеби биле изложени на kopoна вирусот, но не развиле симптоми, можат да го прекинат карантинот после 10 дена или после 7 дена, но само ако имаат негативен тест на kopoна вирус.

Сепак, и натаму мора да носите маска и да се дистанцирате од другите колку што е можно повеќе кога сте во јавност – тоа што сте прележале koвид 19 не значи дека сте добиле влезница за непочитување на моментните препораки за заштита.