Рецептите и производите за бујна и поздрава коса секогаш изгледаат како скапи препарати кои се продаваат во мали количини. Секоја жена се одликува по својата коса, а доколку косата не е средена, колку и да сте дотерани – како сè да пропаѓа во вода.

Јапонците имаат едноставен и лесно подготлив лек за зајакнување на влакното на косата, поголем волумен и здрав изглед на косата. Станува збор за оризовата вода. Јапонците, се исклучително негувани токму затоа што користат големи количини ориз во својата диета и козметика.

Оризот е многу широко користено семе кое потекнува од Азија и делови од Африка, но експертите велат дека може да се одгледува во кој било дел од светот. Ние најчесто користиме бел и интегрален ориз и од него правиме едно од најдобрите традиционални јадења – сарми.

Оризовата вода е многу хранлива и здрава. Оваа вода може да се користи на различни начини кога станува збор за козметика. Така на пример, можете да ја користите за миење на лицето за длабинско чистење на порите, а исто така можете да ја користите како тоник. Бидејќи е природно добиена и ја смирува кожата, се препорачува јапонската маска за лице, направена од оваа оризова вода.

Сепак, најчестата примена во козметологијата е оризовата вода за нега на коса. Се користи за враќање на сјајот и еластичноста на косата, со цел да се регенерира оштетената коса и да се олесни борбата со кршливата коса.Една од најголемите придобивки на оризовата вода за коса е употребата за брз раст на косата.

Една од најважните состојки при користење на ориз и оризова вода се аминокиселините. Токму овие аминокиселини придонесуваат оризовата вода да биде лек и спас кога станува збор за растот на косата.

Аминокиселините кои се ослободуваат од оризот на висока температура, делуваат директно на скалпот, односно на коренот на косата. Коренот може да биде ослабен поради различни фактори, како што се несоодветна грижа, недоволно внесување витамини и хроничен стрес.

Оризова вода за коса, која можете да ја користите неограничен број пати, всушност, колку почесто, толку подобро, особено ако е континуирано користењето, ќе придонесе за зајакнување на коренот на косата и ќе се намали опаѓањето на минимум.

Здравиот скалп ја регенерира косата, така што вашата коса ќе расте како луда ако го пробате овој едноставен рецепт. По една недела користење на оризовата вода, ќе забележите видливи резултати.

Не само што ќе се зголеми волуменот на вашата коса, туку и грижата за косата ќе биде поедноставна затоа што оризовата вода помага во одржување на здравиот изглед на косата, така што вашата коса секогаш ќе изгледа фенирана после миење. Фенот повеќе нема да го користите, а и нема да го у ништите дополнително влакното.

Покрај многуте придобивки на оризовата вода, таа исто така помага во одржување на бојата на косата и спречува рано посивување во староста. Иако кај нас белите влакна се се повеќе карактеристични кај младите жени, во Јапонија ретко ќе забележите некоја жена да има бела коса.

Оризот секогаш измијте го добро во млака вода пред да го готвите, без разлика дали го користите за јадење или за козметички цели. Причината за тоа лежи во бројните хемикалии што се додаваат во самото производство за време на одгледувањето на оваа култура, за заштита од инсекти и арсен.

Овој о тров понекогаш се нанесува директно на растението и многу често е присутен во самата почва. Оризот го апсорбира многу подобро од кое било друго растение и многу е веројатно дека секој ориз што ќе го купите ќе биде загаден со оваа супстанца. Затоа, мора да го миете оризот добро пред употребата, за да се отстранат штетните материи, пестициди.

Истражувањата велат, доколку не го измиете добро оризот пред консумирање арсенот се таложи во коските, предизвикувајќи им ревматизам и бројни други болести. Бидете внимателни, особено кога го консумирате, но и кога ќе го нанесете на лицето, телото и косата, бидејќи кожата апсорбира и пренесува сè што ставаме на неа.

Искуства при користење на оризовата вода

Коментар на Мирко: мајка ми некаде најде рецепт со оризова вода што ми помогна косата да престане да ми паѓа. Не верував премногу во овој рецепт, но не ме чинеше ништо за да пробам. И мајка ми беше упорна, бидејќи имам 20 години, па не можеше да се помири со моето рано губење на косата.

По првата употреба, забележав дека косата е помека на допир. Продолжив да ја исплакнувам косата со оваа вода скоро секој ден затоа што често ја мијам косата. После 3 дена, при расчешлување на косата немаше ниедно влакно на четката. Не можев да си поверувам.

Оттогаш постојано ја мијам косата со оризова вода и покрај тоа што веќе не ми паѓа, но постојано ми изгледа сјајна и бујна и сите ми завидуваат на здравиот изглед.

Коментар на Сања: почнав да користам оризова вода за да ја направам косата сјајна и помалку да се плетка. Слушнав за корисните својства на оризот и решив да ги испробам. После еден месец употреба, забележав промени. Мојата коса, особено на краевите, беше поздрава, помалку се плеткаше, а безживотниот изглед исчезна.

Сега косата ми изгледа поздраво од кога било, а дури забележав дека ми расте побрзо. Моите искуства се позитивни. Препорачувам да пробате и вие бидејќи оризовата вода не чини ни пет пари.

Последниве години популарен стана методот за обновување на косата со ферментирана оризова вода. Многумина го испробаа и презадоволни се со резултатите.

Зрната на оризот содржат скроб дури до 75 – 80%. Водата од ориз се нарекува и ”скробна вода’’ која се приготвува со натопување или готвење на оризот. Се смета дека оризовата вода содржи многу хранливи материи и витамини како: аминокиселини, Б – витамин, Е – витамин, антиоксиданси и други минерали.

Според истражувачите, жените од Хејанскиот период во Јапонија имале здрава, цврста и долга коса до подот бидејќи ја користеле оризовата вода. Современ еквивалент на оваа приказна се ‘’Yao’’ – девојките од Кина во близина на селото Хуанглуо. Тие се познати по тоа што имаат коса долга дури до 1,5 метар.

Покрај неверојатната должина, бојата на косата на овие девојки не обелува, а природната боја се задржува до 80-тите години. Девојките од Кина оддаваат чест на оваа посебна ‘’скробна’’ течност која лесно се приготвува. Во последните години, салоните за убавина се придржуваат до оваа традиција на користење оризова вода, а моментално е и тренд во светот.

Придобивките од користењето на оризова вода се: косата станува помазна, се зголемува нејзиниот сјај, помага и го забрзува раст, косата не се заплеткува, станува поцврста поради присуството на инозитол, се подобрува нејзината еластичност.

Потребни состојки: сад со средна големина, тегла, ориз ¼, вода ¾.

Постапка: Оризот прелијте го со вода. Со раце добро промешајте го, околу 5 – 10 минути за добро да се навлажни. Оваа вода се фрла, а процедениот ориз се става во тегла.

Во теглата додајте чиста вода околу ¾. Затворете ја и добро протресете. Протресувањето во теглата е еден од најважните процеси бидејќи помага хранливите материи, витамините и минералите од оризот да навлезат во водата.

Вака приготвениот ориз со вода се остава на собна температура од 12 – 24 часа за да ферментира. Процесот на ферментација помага да се зголеми количеството на хранливи материи во водата, а процесот се забележува по заматувањето на водата.

Во ферментираната вода се размножува еден тип на квасец кој помага во обновувањето на клетките на скалпот. Ферментираната, оризова вода има чуден мирис, па за да го подобрите, може да додадете кора од лимон или портокал.

Откако водата ќе ферментира, добро процедете го оризот, а течноста складирајте ја во шише со распрскувач. Пред употреба секогаш протресете ја течноста. Употреба: Еден од најважните чекори, пред да ја нанесете оризовата вода е да ја измиете косата на вообичаен начин.

Чистата и влажна коса (малку потсушена со пешкир) поделете ја на повеќе сегменти. Секој од нив испрскајте го со малку оризова вода, а потоа нежно измасирајте на скалпот. Посебно обратете внимание на коренот од косата.

Потоа постапката повторете ја уште еднаш. Оставете водата да делува околу 15 – 20 минути, а потоа само нежно исплакнете со вода. Оризовата вода користете ја еднаш во 2 – 3 недели бидејќи миењето на косата со оризова вода е силен третман кој може да го иритира скалпот. Ако не ви предизвикува несакани реакции, тогаш користете го почесто.

Уште еден начин за подготовка на оризовата вода:

Количината на состојките зависи од вашата употреба. Препорачуваме да користите околу 2 литри вода, за да имате доволно да ја исплакнете косата и скалпот. На половина килограм ориз, ставете 2 литри вода.

Всушност, колку и да ставате ориз, ставете двојно повеќе вода отколку што обично користите кога планирате да јадете ориз. Варете го оризот само додека да зоврие водата и штом зоврие, процедете ја водата и продолжете да го готвите ориз во друга вода, ако планирате да направите јадење од него.

Водата треба да биде малку заматена и да има бела боја. Почекајте да се излади и ако сакате, можете да додадете неколку капки есенцијално масло за да добиете поубав мирис. Користете ја изладената вода од ориз за да ја исплакнете косата.

Миење на лицето со оризова вода

Повторете ја постапката како што е претходно опишано, а откако ќе ја исфрлите нечистата вода, процедениот ориз прелијте го со вода и ставете го на оган да врие десетина минути. Тргнете го на страна тенџерето и оставете го да се излади водата уште десет минути. Потоа преку газа процедете ја течноста во тегла.

Оставете ја водата да отстои 12 часа на собна температура. Откако ќе ферментира, водата се чува во фрижидер, а треба дасе искористи најдоцна 3 – 4 дена. Првиот начин да ја користите оризовата вода е на чинија да поставите чист пешкир кој ќе го потопите со ладна оризова вода, а потоа пешкирот ќе го ставите на лицето како маска.

Вториот начин е со чисти раце да се премиете со оризовата вода околу 3 – 4 пати, а потоа да продолжите со вообичаената рутина за нега на лицето. Бенефиции од користењето на оризова вода за лице се: ладната оризова вода ќе ја релаксира вашата кожа, се намалува појавата на акни и брчки, наменета е за секоја возраст, помага во лекувањето на изгорениците.

За најдобар резултат користете до двапати неделно. Оризовата вода на секого му предизвикува различни реакции на кожата. Доколку вашата кожа е многу сензитивна, најдобро е да направите тест пред да почнете да ја користите редовно. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска