Денес класичните плочи сè почесто се заменуваат со стакло-керамички плочи кои побрзо се загреваат, трошат помалку енергија, имаат повеќе степени на подесување, а имаат и подобар дизајн, односно изглед и многу полесно се чистат. Хм, со ова последново не се сложуваат сите.

Најдолу под текстот се коментарите на нашите читатели кои споделија свои корисни совети. Иако рамните плочи многу полесно се чистат од класничните шпорети со рингли, тоа не значи дека не треба да се чистат подеднакво редовно. Еве како правилно ќе ја исчистите.

Елегантниот дизајн на стаклокерамичката плоча се чини како полесно да се чисти од традиционалните плочи. Сепак, тоа не е така, па подолу ви ги откриваме најдобрите совети како да ги исчистите на најлесен начин

Првото и основно правило при чистењето на вакви површини, е да не им се дозволи можност на масните дамки да се натрупаат една врз друга и да се закорават. Ако нешто ви се истури или површината се испрскала, брзо пребришете ја со крпа или влажен сунѓер.

Дури и кога површината изгледа како да е чиста, невидливите слоеви со текот на времето би можеле да се насоберат и изгорат, со што се закоравуваат и потоа се многу потешки за чистење.

Користете спреј за отстранување на мастите или специјално средство за чистење на стаклени површини од шпорети. Овие средства не оставаат нејасни линии на површината како што тоа е случај со повеќенаменските средства за чистење на стакло со амонијак. Имијте го и исполирајте го стаклото со сува и мека крпа или хартиена салветка.

А како да се исчисти валкана стаклена плоча?

Користете комерцијални производи

Комерцијалните производи кои се наменети за чистење на стаклокерамички плочки се најскапи, но и најлесни за употреба. земете некој мек производ за чистење, неабразивен сунѓер и жилет-шпатула ќе ви помогнат да ја исчистите чинијата со леснотија.

Едноставно испрскајте поголема количина од средството за чистење врз подлогата и исчистете со сунѓерот. Закоравените места кои не се отстрануваат со едноставно пребришување, малку зафатете ги со шпатулата, но внимавајате да не ја изгребете површината.

Направете свое домашно средство за чистење

Не мора да купувате комерцијални средства за чистење. Можете исто така да направите сопствено средство за чистење за кое ќе ви бидат потребни само три состојки: детергент за садови, сода бикарбона и водород пероксид (хидроген 3%).

Едноставно нанесете детергент за миење садови директно врз површината на шпоретот. Наросете сода бикарбона, а потоа додајте малку хидроген. Земете сунѓер и нежно тријте додека да излезе нечистотијата, а потоа избришете ја дамката.

Користете четка

Цврстата четка за чистење дава дополнителна сила кога станува збор за отстранување дури и на најтврдокорните дамки. Рачката ви дава лост без да вршите притисок врз рацете и зглобовите, па така чистењето на овој начин е доста полесно, особено ако немате сила во рацете. Исто така, четките за чистење добро функционираат во комбинација со комерцијални и домашни средства за чистење стакла.

И врелиот пешкир може да заврши добра работа

Оваа техника за чистење не може да биде полесна. Наросете сода бикарбона врз целата површина на плочата од шпретот. Ставете врел натопен пешкир или кујнска крпа и почекајте 15 минути, а потоа исчистете ја површината со хартиена крпа. Исплакнете и избришете.

Исчистете ги малите дамки со леснотија

Не чистете го целиот шпорет со сода бикарбона ако само мал дел од него е валкан. Земете некоја стара четка за заби и паста за заби со гранули, протријте и ќе видите дека многу лесно се отстрануваат малите дамки. Ако немате паста за заби со гранули, натопете ја четката во прашок за печиво.

Исцедете лимонов сок

Киселината содржана во лимоновиот сок помага во чистење на закоравените дамки. Наросете голема количина прашок за печиво врз површината, а потоа исцедете го сокот од лимон одозгора. Оставете да отстои 10 минути пред нежно да ја протриете површината со сунѓер.

КОМЕНТАРИ

Коментар на Јасминка Чавкова: „Многу е комплицирано. Само некое средство, најдобро од тоа за рамна плоча и жица виледа или некоја друга ид меките како клопче што се и дирекно чистење на плотната.

Не се секирајте никако нема да ја изгребите со таа жица плотната. Јас со години така ја чистам. Колку сака нека биде загорено одма ќе се исчисти. Може малце и течноста да постои напрскана некое кратко време доколку е многу замастена. Потоа избришете со хартија за раце и ќе свети како нова”

Коментар на Елена Георгиевска: „Исто и јас чистам со „витро клин“ за рамни плочи и жица виледа, не гребе а одлично чисти.“

Коментар на Лидија Влахова: „Совет? Со сода и мокра крпа да омекнат и гребло ми дадоа специјално за стакло. Па 700 евра шпорет и да не ви дадат таква алатка, тешко нив.“

Коментар на Вики Даскаловска: „Еко Формула: Хидроген пероксид 3%, малку детергент за садови, алкохолен оцет, сето тоа се прска по плочата, се размачкува. Нека отседи 10тина минути, па потоа убаво избришете и уживајте во сјајот на плочата.”

Коментар на Менка Секуловска: „Рерната и плочата ги чистам со сода бикарбона и 3% хидроген. Се наросува содата, се прска со хидрогенот, со сунѓер ги разнесувам насекаде, стои 30 мин и повеќе нечистотијата лесно се чисти“

Коментар на Билјана Глигорова: „Вим и сунѓерче и поминуваш нежно на ладна плоча и одма излегува без мака, јас така чистам и никаква дамка не останува, како нова е плочата, а еве 5 години ја имам.“