Еве како да негувате лице заразено со вирусот во домашни услови: Обратете внимание на неколку работи

Доколку некој од вашите домашни е заразен со kopoна вирус, прочитајте како е најбезбедно да го негувате.

Ако живеете со некој кој покажува симптоми на koвид или кој има позитивен тест, но пуштен е на домашно лекување, еве што можете да направите:

-Луѓето кои имаат симптоми, а не биле во директен контакт со потврдени пациенти, се испраќаат на домашно лекување, да го јакнат имунитетот колку што можат повеќе.

Loading...

-Благи симптоми со кои болните се испраќаат на домашно лекување се: сува кашлица, температура, болка во грлото, болки, грозница, умор, течење од носот и дијареа.

-Доколку имате посериозни симптоми како: плитко дишење, болка во градниот кош и воспаление на белите дробови, потребно е да се јавите на некои од броевите на кои треба да добиете упатство за што понатаму.

Како да се грижите за саканите кои имаат симптоми, а притоа да се сочувате себеси:

-изолирајте го лицето кое е болно: вирусот се пренесува најмногу преку допир, па поради тоа треба да бидете на растојание од 2 метри. Сите предмети кои болното лице ги допира, мора да се стерилизираат или да се фрлат.

-спијте во посебни соби, а ако е возможно користете и посебна бања. Ако немате можност за до толку да се одвоите, тогаш користете барем различни кревети.

-хигиена – болното лице мора да има посебен пешкир, посебен прибор за јадење, ќебе, перница, постелнина, телефон… Сè што заразеното лице ќе допре или употреби мора темелно да се дезинфицира.

-облеката мора да се пере на мин 60 степени Целизусови, а садовите да се стерилизираат во машина за садови, ако ја имате. Ако ја немате, тогаш користете што потопла вода и колку можете потемелно и подолго перете ги со сапуница.

-кога комуницирате со заразеното лице, задолжително носете маска и ракавици (а некои препорачуваат и заштитни очила).

-рацете мијте ги 20 секунди после секој контакт, а доколку сапунот и водата не ви се при рака, веднаш дезинфицирајте ги со средство кое содржи најмалку 60% алкохол.

ОБЕЗБЕДЕТЕ МУ ДОБРА НЕГА НА ЗАРАЗЕНИОТ

-Болното лице мора да пие многу течности, вода или електролити.

“Кога лицето има грозница, тоа мора добро да се хидрира за да се спречат нуспојавите на болеста” – изјави Џејк Деуч за Хафингтон пост.

Овој доктор наведува дека витамин Ц и цинк мора да пие секој болен за да го зајакне имунитетот. Кај повеќето луѓе симптомите траат неколку дена и се влошуваат после една седмица. Разговарајте со својот лекар за тоа колку долго пациентот треба да остане изолиран, но искуствата покажуваат дека тоа е околу 14 дена.

Одржувајте го домот чист – сите површини мора да бидат пребришани со средство за дезинфекција. Облеката на болниот мора да се пере засебно и притоа, кога се става во машината да се носат ракавици. Потоа ракавиците се фрлаат а рацете мора добро да се измијат.

Следете го секој симптом на болното лице – ако температурата се зголемува, лицето чувствува гушење и болка во градите – веднаш побикајте го надлежниот лекар.

Нормално е да бидете загрижени, вознемирени или дури и уплашени. Нормално е и болното лице да го чувствува истото. На вам е да пребродувате ден по ден. Најдете начин да останете позитивни и да не мислите премногу на болеста.

Силниот дух го јакне телото. Ниту во еден миг не заборавајте да водите сметка за себеси. Ако вие сте здрави и ментално силни, тогаш и болниот побрзо и полесно ќе се опорави!

Loading...