Сите знаеме што е стрес и нервоза, а последиците кои ги чувствуваме се многубројни. Оној момент кога ќе настапи стресот, односно кога силно ќе се изнервирате, надбубрежните жлезди започнуваат да лачат еден стероиден хормон кој се нарекува кортизол.
Овој хормон предвиден е да обавува позитивни работи во нашиот организам и да се грижи за нашето здравје, но поради долгорочно изложување на стрес доаѓа до негативни последици во организмот.
Затоа е важно да се држи под контрола нивото на овој хормон и тоа на природен начин.
-Кортизол претставува стероиден хормон кој го создава кората на надбубрежната жлезда. Нивото на кортизолот генерално е повисок наутро, а потоа неговото ниво опаѓа во текот на денот.
Има улога во регулација на шеќерот во крвта, инфламација, го регулира метаболизмот на мастите и протеините, но и функцијата на централниот нервен систем – вели Тијана Дангубиќ, ендокринолог.
Кортизолот, вели Дангубиќ, исто така игра улога во регулирање на циклусот на спиењето, будноста во организмот, управување на начинот на кој телото ги користи јаглехидратите, мастите и протеините, намалување на воспаленијата, контрола на крвниот притисок.
-Зголеменото лачење на кортизолот е корисно во ситуации кога му е потребен на организмот, односно кога телото е во некој вид на “опасност”. Тогаш тој доведува до ослободување на глукоза која обезбедува брза енергија, како и до зголемување на притисокот кој ја зголемува исхранетоста на мускулите.
Исто така, влијае и врз централниот нервен систе – објаснува ендокринологот. Проблемет е тоа што зголемено количество на кортизол се лачи при било кој вид на стрес (и затоа го нарекуваат хормон на стресот), а тогаш има негативни ефекти, особено ако се долготрајни.
Тогаш доаѓа и до зголемување на новото на шеќерот во крвта, но и на инсулинот кој се обидува тоа да го компензира така што создава поголема количина на масно ткиво, а со самото тоа пак, доаѓа до дебелина која е основа за хронично воспаление на целиот организам и за појава на бројни болести.
Постојат и болести кај кои нивото на кортизол е зголемен поради пореметувањата на ниво на надбубрежна жлезда или хипоталамус чиј хормон доведува до зголемено лачење на кортизол – вели д-р Дангубиќ за Е-Клиника.
Симптоми на зголемено лачење на кортизол се: зголемување на телесната тежина и тоа, појава на масно ткиво на стомакот и горните делови на грбот, зголемен крвен притисок, појава на остеопороза, мускулна слабост, акни, стрии на телото, хроничен умор, главоболка, нервоза.
Се јавува зголемена жед, почесто мокрење, промена во расположението, намален се*суален нагон…
КАКО СЕ ПРОИЗВЕДУВА КОРТИЗОЛОТ – телото се потпира на ефикасната комуникација помеѓу следните три делови од телото за да се ослободи точната количина на кортизол, а тоа се: надбубрежната жлезда, хипофизата и хипоталамусот.
Тие го стимулираат производството на кортизол кога му е потребен на телото и го блокираат кога неговото ниво треба да се снижи. И премногу и премалку кортизол може да има штетни последици по организмот.
Покачувањето на кортизолот може да биде последица од постоење на некој тумор или настапува како нуспојава на некои лекови. Премногу кортизол може да доведе до Кушингов синдром (повеќе за Кушингов синром прочитајте ОВДЕ).
СИМПТОМИ ЗА НИЗОК КОРТОЗОЛ – умор, вртоглавица, мускулна слабост, промени во расположението, потемни делови на кожата, низок крвен притисок. Премалку кортизол може да предизвика Адисонова болест.
ПРИРОДНИ НАЧИНИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА КОРТИЗОЛОТ – Ако комуникацијата помеѓу мозокот и надбубрежната жлезда функционира правилно, организмот би требало да биде во можност да го зголемува или намалува производството на кортизол, по потреба.
Меѓутоа, нивото на кортизол понекогаш може да остане високо и откако ќе се реши стресната ситуација. Ова може да има негативно влијание врз здравјето. Овие едноставни совети можат да ви помогнат во одржување на нормално ниво на кортизол:
КОНТРОЛА НА СТРЕСОТ – Луѓето кои се обидуваат да го намалат нивото на кортизол би требало да одбегнуваат стресни ситуации или да научат како подобро да се носат со стресот. Доколку не умеат да изнајдат начини, тогаш се советуваат некои лекови кои би можеле да помогнат во подобро толерирање на стресот.
ПРАВИЛНА ИСХРАНА – Ако се обидувате да го намалите кортизолот, тогаш потребно е да внимавате на внесот на шеќерите. Потребна е избалансирана исхрана, а некои намирници можат да помогнат кортизолот да се држи под контрола: црно чоколадо, банани и круши, црн и зелен чај, пробиотици во храна како што е јогуртот и храна која содржи растворливи влакна. Поголема количина на вода придонесува за намалување на нивото на кортизолот.
СОН – Количината на сон може да влијае врз нивото на кортизолот. Неквалиетниот сон или предолгото спиење може да доведат до зголемување на нивото на кортизол во крвотокот. Поради тоа, клучно е обратите внимание на количината и квалитетот на спиењето.
Секопат одете во ист период на спиење, а претходно исклучувајте ги сите технички уреди и светла. Не јадете пред спиење и ограничете го внесот на течности период пред легнување.
ТЕХНИКИ НА ОПУШТАЊЕ – медитација, постигнување на психички, психолошки и емоционален баланс, па дури и едноставни вежби за дишење можат да помогнат во релаксација и ослободување од стрес.
Вежбите за опуштање, слушањето музила, занимавање со некое хоби, како градинарство, плетење и слично, повеќе смеење и забава со позитивни луѓе, вежбањето и различната физичка активност, одбегнување на кофеин навеќер, домашни миленичиња, исто така можат да го намалат хормонот на стресот.
СУПЛЕМЕНТИ – Рибиното масло и азискиот билен додаток – ашванганда, се покажале дека може да влијаат врз намалување на нивоата на кортизол, па нивната консумација во комбинација со здрава исхрана би можело да биде корисно.