Кромидот најчесто го додаваме во секое јадење, претходно пропржан и издинстан, а многу е здрав и доколку се јаде самостојно потпечен во рерна. Последните години има понови и помодерни рецепти со похуван кромид, но ретко кој знае дека може да се направи и како мусака.




Не ви е потребен ни компир, ниту месо, ова јадење може да биде и посно (без јајцата одозгора). Потребни ви се само неколку состојки и малку време за да го подготвите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг кромид со средна величина, 6 црвени суви пиперки, 4 чешниња лук (или по избор), 6 јајца, 1 лажица мелен црвен пипер, 1 лажица букова пиперка, 1 лажица вегета, 1 лажица суво нане, сол, црн пипер, масло.




Во ова јадење, кромидот ја нема онаа карактеристична ,,горчина” бидејќи долго време се динста и сосем омекнува. Има вкус и текстура на путер, особено кога ќе се зачини, добива богат и луксузен вкус.




ПОСТАПКА: Кромидот излупете го и исчистете го, па потоа исечете го на тенки коцкички (што е можно поситно). Кромидот веднаш се става во тенџере, знам дека е многу, но за оваа количина се навистина потребни 3 кг кромид.




Плус, кромидот се топи, особено оние мали и тенки парчиња, излегува таман, иако на почетокот и јас бев скептик и мислев дека е многу. Кромидот се става во поголемо тенџере и со повремено мешање со дрвена лажица се промешува во малку масло.




Се готви се додека да омекне, и да испушти минимум половина од течностите. Исто така, кромидот треба да ја промени и бојата и да биде потемнет. При крајот на готвењето ставам тенко исечкани чешниња лук и ги пропржувам уште неколку минути со кромидот.




Кога ќе го подготвите кромидот веднаш префрлете го во плех (класичен од шпорет) и пред да го распоредите низ тавата зачинете со сол, црн пипер, црвена буковска, црвен пипер (сладок или лут), вегета и суво нане. На крајот се става и ситно сечканите пиперки (суви) кои претходно сте ги исекле многу тенко.




Целата смеса се меша додека зачините и пиперките да се распоредат, а потоа се мести подеднакво низ тавата. Рерната вклучете ја на 250 степени и печете на средната решетка околу 40 минути.




Доколку не постите, по изминатото време, се вади плехот од рерна и одозгора на подеднакво растојание и во два редови се редат јајцата, па се враќа во рерна на уште 15 минути додека се запечат јајцата. Потоа се остава да се олади, па се сече парчиња како мусака или лазањи. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.