ЕДНОСТАВНИ ПОСНИ ПОГАЧИЦИ…Лесни и многу вкусни! Рецепт и фотографија на Мирјана Вујиќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 мл газирана вода,
1/2 свеж квасец,
2 лажици шеќер,
1 лажичка сол,
100 мл масло,
околу 500 г брашно
И уште:
млака вода
сусам за потопување
малку маргарин за премачкување
ПОСТАПКА:
Растворете го квасецот во млака газирана вода, додајте шеќер и оставете да се активира. Во брашното додајте сол, активиран квасец и масло и замесете средно меко тесто. Оставете го покриено на топло место колку што е потребно за да го удвои волуменот.
Стасаното тесто не треба да го премесувате, туку едноставно од него кинете топчиња (малку поголеми од орев), обликувајте ги, горната страна потопете ја во млака вода, а потоа во сусам.
Вака приготвените погачизи редете ги во плех обложен со хартија за печење, оставете ги да одморат околу 15 минути додека се загрева рерната и малку да пораснат. Ставете ги да се печат на 250-220 степени додека да заруменат.
Додека се уште врели премачкјате ги со стопен маргарин и оставете ги неколку минути да подизладат. Рецепт и фотографија на Мирјана Вујиќ