Home Рецепти Едноставни „писма“ со сирење… откако го научив овој метод, ги правам скоро...

Едноставни „писма“ со сирење… откако го научив овој метод, ги правам скоро секој ден

Овој метод го правам многу често, речиси секој втор ден, откако го научив од 70-годишен мајстор. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

2 чаши вода
2 јајца (сочувајте ја едната жолчка за премачкување)
1 лажичка сол
5,5 чаши брашно

За премачкување на тестото:
125 г путер или маргарин

за фил:
фета сирење

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте 2 чаши вода (400 мл) и 2 јајца (без една жолчка). Потоа постепено започнете да додавате 5,5 чаши пченично брашно (550 г) и 1 лажичка сол (8 г). Добро измесете го тестото 6-8 мин за да стане еластично, меко, но да не се лепи за рака.

Поделете го тестото на 2 дела и обликувајте топки. Покријте го и оставете го да отстои 5 минути.

Потоа развлечете го колку што можете и преку целата површина премачкајте го со омекнат путер или маргарин.

Здиплете го како за лиснато тесто (како книга) и секој слој премачкувајте го со путер. За две теста употребив 125 грама путер.

На ист начин подгответе го и другото тесто.

Завиткајте го во кеса или проѕирна фолија и оставете го да отстои еден час во фрижидер. Потоа спушетете го на малку набрашнета работна површина и развлечете го во правоаголна кора (квадрат).

Пресечете го на 16 еднакви делови (4х4) и во секое квадраче ставете фил од фета сирење. По желба можете да користите и различни материјали за полнење.

Потоа секое затворете го како писмо (со опфаѓање и спојување на двата спротивни агли) и премачкјате го со изматената жолчка во која сте додале сосем малку масло или млеко.

Наредете во плех и печете во рерна загреана на 200 степени додека да заруменат.

Ова е најдобриот рецепт за крцкаво печиво со секој слој што може да се брои. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.