Фотографии и рецепт на Верица Николиќ – Чоколадна торта со кекси. Многу едноставна торта, многу брза и што е најважно – многу вкусна. Запишете си го рецептот зошто многу често ќе ја правите. За да ја приготвите оваа торта ќе ви бидат потребни следниве состојки:

1,3 литар млеко, 200 г пудинг со вкус на чоколадо, 200 г црно чоколадо за готвење (колку е поквалитетно, толку кремот е повкусен), 180 г путер и 300 г шеќер. Уште ќе ви биде потребно: 400 г кекси со правоаголна или квадратна форма, по ваш избор, 1 кесичка крем шлаг со вкус на чоколадо и малку млеко за натопување на кексите.

Фото и рецепт на Верица Николиќ

Постапка: Земете калап со обрач 24 см и обложете го со проѕирна фолија. На страните од калапот, во круг, наредете кекси претходно кратко натопувани во млеко. Од 1,3 литар млеко одвојте 400 мл. Останатото млеко заедно со искршеното чоколадо, путерот и шеќерот ставете ги на оган.

Фото и рецепт на Верица Николиќ

Пудингот разматете го со одвоените 400 мл млеко. Кога ќе започнат чоколадото и путерот да се растопуваат, со жица за матење непрекинато мешајте да се соединат сите состојките. Во врелото млеко заедно со сотојките истурете го разматениот пудинг и сварете го кремот.

Фото и рецепт на Верица Николиќ

Одвојте една третина од кремот, а остатокот веднаш излејте го во калапот, распоредете и израмнете. Преку кремот наредете кекси, односно исправено боцкајте ги во кремот, наизменично во круг. Не треба да ги натопувате во млеко затоа што ќе омекнат од топлиот крем.

Фото и рецепт на Верица Николиќ

Одозгора премачкјате со третината крем кој претходно го одвоивте. Одозгора наредете кекси само кратко натопувани во млекото. Прекријте ја тортата со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер, околу 5-6 часа (јас денес ја направив и сега ја извадив од калапот, кремот убаво беше стегнат и убаво се сече).

Фото и рецепт на Верица Николиќ

Потоа извадете го калапот од фрижидер, отстранете ја фолијата, врз кексот поставете одговарачка чинија за сервирање и превртете ја тортата. Тргнете го обрачот и отстранете го остатокот од фолијата. Тортата украсете ја со чоколаден шлаг или по желба.

Фото и рецепт на Верица Николиќ

Бонус рецепт – Торта со чоколаден пудинг и бисквити, екстра брза подготовка – ова досега никој не го одбил, веднаш се изедува. Рецепт и видео прилог на CooKing – Чоколадна плазма торта. Ако ви е потребен рецепт за чоколадна торта која сите ја сакаат, а немате многу време да останете во кујна, тогаш оваа торта е вистинската за вас.

Превкусна е со многу лесен чоколаден крем и плазма кекси, веднаш ќе се потроши од вашата трпеза. Потребни состојки: 120 г пудинг со вкус на чоколадо, 5-8 лажици шеќер, 10 г ванилин шеќер, 750 мл млеко и околу 200 мл млеко за натопување на кексите, околу 210 г плазма кекси, 100 г чоколадо, 100 г путер, 60 г шлаг и 80 мл млеко за да се измати шлагот. Наместо шлаг може да изматите слатка павлака.

Постапка: Во длабок сад ставете 500 мл со 5 до 8 лажици шеќер, во зависност од тоа колку сакате да ви биде сладок кремот. Додадете 10 г ванилин шеќер, промешајте и ставете на оган да се загрее. Во посебен сад ставете 120 г прашок за пудинг и разматете го со 250 мл млеко, да нема грутчиња, па смесата додадете ја во загреаното млеко со постојано мешање.

Варете додека да се згусне. Додека е топол пудингот, во него додадете 100 г чоколадо искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и соедини. Оставете на страна да се олади со повремено промешување или покриено со проѕирна фолија/кеса. Во посебен сад ставете 60 г шлаг со 80 мл млеко и изматете.

100 г путер омекнат на собна температура додадете го во изладениот пудинг и пенасто изматете го за да се соедини. Додека сè уште матите, постепено лажица по лажица додавајте го изматениот шлаг. Ќе добиете многу нежен и лесен крем. Одвојте дел за декорација.

Долгнавест а тесен калап обложете го со проѕирна фолија, па долниот ред наредете го плазма кекси кратко натопувани во млеко. Рамномерно распоредете половина од филот и израмнете. Наредете втор ред плазма кекси исто така кратко натопувани во млеко, па нанесете го остатокот од филот.

Откако ќе го наредите третиот ред кекси, обложете одозгора со фолија и ставете ја тортата во фрижидер да се олади и стегне преку цела ноќ. Следниот ден тортата превртете ја преку чинија за сервирање и украсете ја со преостанатиот фил. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.