Рецепт и видео презентација на Мои домашни рецепти – Рафаело топчиња за 5 минути, за сите љубители на кокосот, одлични снежни топчиња за секој ден, а особено е омилена за новогодишните празници. Се топат во уста, имаат неодолив вкус. По желба во секое топче можете да ставите по еден лешник.

Потребни состојки: 350 мл млеко, 38 г пудинг со вкус на ванила, 4 супени лажици шеќер, 30 г путер или маргарин, 100 г бело чоколадо, 100 г кокос, 200 г мелени бадеми. Постапка: Во едно тенџере ставете 350 мл млеко и 38 г пудинг со вкус на ванила (1 кесичка).

Додадете и 4 лажици шеќер (или по вкус) па измешајте убаво со жица за матење за да се растопат состојките и да нема грутчиња. Потоа тенџерето ставете го на умерен оган за да зоврие и со постојано мешање сварете го пудингот додека да згусне.

Сварениот крем тргнете го на страна и додадете 30 г путер и 100 г бело чоколадо искршено на коцки. Измешајте додека е топол пудингот за да се растопат додадените состојки и да се соединат во кремот. На крај додадете 100 г кокосово брашно и 200 г мелени бадеми (или лешници, по желба).

Измешајте добро за да се изедначат сите состојки во смесата, а потоа оставете ја на страна убаво да се олади и стегне. Од изладената смеса црпете со лажица и со помош на дланката формирајте топчиња со големина на пинг понг топче.

Формираните топчиња валкајте ги во кокосово брашно и редете ги во чинија за послужување. Од оваа смеса излегуваат 20-тина топчиња. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Бонус рецепт – Се топи во уста: Рафаело колач готов за 20 минути. Љубителите на кокос ќе уживаат. Многу лесен колач, може да го изедете без грижа на совест. Рецептот е класичен, ќе се изненадите дека вкусшност е едноставен, а добивате еден таков кремаст и нежен колач, на кој најмногу ќе му се израдуваат љубителите на кокосот.

Потребни состојки: 6 белки, 150 г шеќер, 100 г брашно, 150 г кокос, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка оцет, 200 мл врело млеко за преливање на кориата кога е готова.

За фил: 800 мл млеко, 3 лажици шеќер, 6 жолчки, 3 лажици брашно, 2 пудинг од ванила (80 г), 200 г путер/маргарин, 150 г шеќер во прав и околу 50 г кокос за наросување. Постапка: Рерната загрејте ја на 200 степени. Белките изматете ги добро па додадете го шеќерот и матете со миксер додека да се растопи.

Потоа додадете брашно, кокос, прашок за печиво и лажичка оцет и матете со најспора брзина или со лажица за да се соединат состојките. Смесата излејте ја во плех (со средна величина) намастен со путер. Ставете да се пече во загреана рерна и нека се пече неколку минути на 200 степени.

Потоа намалете на 180 степени и печете уште приближно 15-20 минути. Топлата кора рамномерно прелијте ја со една чаша врело млеко и оставете да излади. За фил: измешајте 80 г прашок за пудинг, 3 лажици брашно, 3 лажици шеќер, 6 жолчки и околу 200 мл млеко (одземено од тие 800 мл).

Остатокот од млекото, 600 мл ставете го на оган да зоврие. Смесата со жолчките и пудингот добро изматете ја да нема грутки и додадете во врелото млеко со постојано мешање додека да згусне. Филот оставете го да излади. Потоа постепено додавајте го во пенасто изматен путер со шеќер.

Филот нанесете го врз кората, одозгора наросете кокос и колачот оставете го на ладење во фрижидер неколку часови или најдобро преку ноќ. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.