Едноставна и брза обланда во ролат со вкус на бајадера….Изгледа многу убаво, затоа често ја подготвувам за празниците…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 2 листови обланда (големи)
– 150 мл вода
– 200 г кристален шеќер
– 125 г путер/маргарин
– 200 г мелени ореви
– 200 г мелени бисквити (плазма)
– 100 г чоколадо (млечна или по избор)
– 1 лажица какао во прав
ПОСТАПКА:
Натопете 3 чисти кујнски крпи со ладна вода, па добро исцедете ги. на работна површина поставете една крпа, врз неа ставете обланда, па покријте ја со втора крпа, па ставете ја втората обланда и на крај покријте ја со третата крпа. Вака завиткани оставете ги да омекнат.
Во тенџере сипете 150 мл вода и 200 г шеќер, па оставете водата да зоврие, а шеќерот да се растопи. Потоа додајте 125 г путер или маргарин исечкан на коцки, па на ниска температура мешајте додека да се растопи.
Оставете 1 минута да врие откако ќе се растопи. Потоа тргнете го тенџерето од оган и додајте 200 г мелени ореви и 200 г мелени бисквити (плазма). Мешајте додека сето убаво да се изедначи.
Добиената смеса веднаш поделете ја на два дела, па во едниот дел додајте 100 г чоколадо искршено на коцкички и 1 лажица какао во прав. Мешајте енергично додека сè уште е топла за да се растопи и изедначи.
ФИЛУВАЊЕ: врз цела површина на еден лист обланда распоредете го светлиот фил, па внимателно свиткајте го во ролат.
Врз вториот лист обланда распоредете го чоколадниот фил, па и него премачкајте го преку целата површина. Површината израмнете ја со помош на едно парче хартија за печење или фолија.
Првиот ролат што го свиткавте со светлата смеса, поставете го на едниот крај од обландата со чоколадна смеса, па заедно свиткајте ги во еден голем ролат.
Ролатот свиткајте го во алуминиумска фолија и оставете го да преноќи во фрижидер. Следниот ден сечете и послужете. Деталите од презентацијата погледнете ги во видеото ОВДЕ.