Одлично лесно јадење!

Потребни состојки:

8 парчиња похувани тиквичи исечени во ленти
1 јајце
4 лажици кисела павлака
Малку зачини (медитерански микс)
250 г кашкавал
Малку маслиново масло

Постапка:

За овој рецепт користев тиквички кои претходно ми беа испохувани, а сечени по должина за да можат убаво за се свиткаат.

Ако немате испохувани, тогаш младите тиквички исечете ги на ленти, посолете ги и испохувајте ги на класичен начин.

Кашкавалот исечете го на стапчиња како прстиња (1хх1х6 см). Ставете кашкавал во една похувана тиквичка, свиткајте и редете ги ролатчињата едно до друго во намастен калап или огноотпорен сад/ пекач.

Изматете едно јајце, додадете зачини и павлака, па прелијте ги ролничките.

Остатокот од кашкавалот изрендајте го одозгора и запечете го во рерна, колку да се растопи кашкавалот (20-тина минути) во загреана рерна на 200 степени.

Совршено се комбинираат со разладена шопска салата или само со домати, малку лути пиперчиња… уживајте!