Едноставен рецепт за ЧАПАТИ…се двои на тенки листови како бурек…секој поединечен слој е крцкав и мек истовремено…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
1 чаша топло млеко
1 чаша топла вода
1 лажичка квасец во прав
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
5 чаши брашно
За премачкување:
200 г путер
4 лажици масло
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте ги топлото млеко, водата, шеќерот и квасецот. Постепено додавајте брашно и сол и замесете меко и мазно тесто кое не се лепи за рака.
2.Поделете го тестото на 6 парчиња. Обликувајте топчиња, покријте ги и оставете ги да одморат 10 минути.
3.За тоа време на тивок оган растопете 200 грама путер и додајте 4 лажици масло.
4.Земете едно топче и на набрашнета површина развлечете го во тенка кора, колку што можете повеќе.
5.Преку цела површина посипете маснотија и размачкјате ја со кујнска четка.
6.Спротивните рабови превиткајте ги навнатре 2-3 прста широчина, па повторно, и уште еднаш, да се спојуваат во средината.
7.Новите површини премачкајте ги со масло, превиткајте уште еднаш, да добиете долгнавест и тесен правоаголник. Притиснете во средината со cукало за да се направи вдлабнување, па исечете на половина по должина.
8.Првата од добиените долги ленти свиткајте ја во ролат. Добиениот ролат ставете го на втората лента (да се надоврзи) и продолжете да виткате како полжав. Сплескајте го малку со раката.
9.Добиените виткани печива наредете ги на чинија посипана со брашно, покријте ги со кеса и оставете ги да одморат во фрижидер 15 минути.
10.По изминатото време земете едно од одморените теста и развлечете го со оклагија да се отвори со големина на чинија.
11.Загрејте малку масло на тава и ставете едно чапати да се пече на умерена температура, додека убаво да зарумени од двете страни со постојано вртење. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/OVe8IDA36zk?si=rsNLU4mIU-y3YXUV