Едноставен колач со јагоди

Фото и рецепт: Николинка Касап

Потребни состојки:

250 г брашно
100 г путер или маргарин (растопен и изладен)
2 ванилин шеќер
2 полни лажици кисела павлака
1 прашок за печиво
1 жолчка + 2 јајца
100 г шеќер
кора од рендан лимон
100-150 г сечкани јагоди

За фил:

Loading...

500 мл слатка павлака за шлаг
2 крем шлага од ванила
200 г крем сирење абц
2 лажици во прав или по вкус

и уште:

600-700 г јагоди
1 желатин
4 лажици шеќер во прав
400 мл ладна вода

Постапка:

Во пенасто изматните јајца ставете шеќер и ванила, додадете растопен путер, па павлака, промешајте уште еднаш, па додадете го брашното измешано со прашок за печиво. На крај додадете ги сечканите јагоди и рендана кора од лимон.

Откако сите состојки ќе ги соединете, смесата излејте ја врз плех со димензии 25х35 см обложен со хартија за печење, па ставете во загреана рерна на 170 степени да се пече 15 до 20 минути.

За фил: Половина литар слатка павлака изматете пенасто со 2 крем шлаг од ванила. Потоа додадете 200 г крем сирење и 2 лажици шеќер во прав или засладете по вкус.

Кога ќе се испече бисквитот оставете го да излади, па рамномерно премачкајте го со филот. Јагодите измијте ги, исчистете ги од петелките, пресечете ги на половина и наредете ги врз филот.

Одозгора прелијте со црвен прелив: ставете 1 кесичка желатин, 4 лажици шеќер во прав и 400 мл ладна вода. Мешајте да се растопи и оставете да набубри, а потоа ставете на оган да се растопи. Оставете да подизлади па прелијте одозгора. Јас со четка го премачкував одозгора преливот, и на крај со лажица подеднаков прелив.

Фото и рецепт: Николинка Касап

Loading...