Едноставен колач кој сите го сакаат, го снемува додека трепнеш!

Потребни состојки:

140 г шеќер

140 г маргарин

140 г мелени бадеми

700 г брашно

4 белки

Жолт прелив:

4 жолчки

140 г шеќер во прав

1 ванилин шеќер

Крем:

100 мл млеко

700 г шеќер

700 г путер/маргарин

700 г чоколадо за готвење

140 г мелени бадеми

Постапка:

Во два сада разделете ги жолчките од белките.

Пенесто изматете го омекнатиот путер со шеќерот, па додадете му ги мелените бадеми и просеаното брашно.

На крај, со помош на лажица во смесата додадете изматен снег од белки.

Смесата печете ја во намастен плех, во загреана рерна на 180 степени.

За тоа време со миксер добро изматете ги жолчките со шеќерот во прав и ванилин шеќер, додека да добиете мазна сјајна смеса.

Пред крај, кога тестото е печено повеќе од половина, извадете го од рерна, па премачкајте го со жолтата смеса.

Намалете ја рерната на 100 степени, ставете го премачканото тесто и повторно печете го, па така сушете го околу 50 минути до еден час. Извадете од рерна.

За крем сварете млеко со шеќер, па уште додека е врел додадете искршено чоколадо за готвење, путер и мелени бадеми.

Добро измешајте и премачкајте преку сувиот жолт дел.

Кога малку ќе излади, декорирајте со мелени бадеми или ореви.

Изладете до крај, па сечете го со чаша во полумесечинки, а можете и во правоаголничиња.

coolinarika.com

Loading...