Едноставен италијански рецепт за ПИЦА

Потребни состојки за тесто:

  • 500 г брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 свеж квасец (или сув)
  • Млака вода

Уште ќе ви биде потребно:

  • 4 лажици доматен сос
  • маслиново масло
  • 120 г пармезан
  • 200 г моцарела
  • Свеж босилек

Постапка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Промешајте го брашно и солта во голем сад. Квасецот ставете го во малку млака вода за да се активира, а потоа постепено додадавјте го во брашното за да замесите тесто. Тестото не смее да лепи на прсти. Формирајте го во топка и оставете да отстои пет минути. Потоа пресечете го на 4 дела и оставете ги да отстојат под крпа, барем два часа. Потоа тестото ќе биде удвоено и лесно ќе се обработува.

 

Loading...