Во подоцнежните години, метаболизмот кај мажите и жените се забавува, па сите останати процеси во организмот стануваат поспори, а тука е вклучено и слабеењето. Килограмите многу полесно се зголемуваат, отколку што се намалуват, а ова особено им е познато на сите гурмани и љубители на вкусната храна, особено на благото.

Овие вкусни топчиња, популарно наречени „бомбици“, можете да ги правите во разновидни бои, според состојките кои ќе ги употребите. Идеални се за задоволување на потребата за благо, а притоа можат да помогнат и за намалување на килограмите.

Бомбиците се прават многу брзо и лесно, а за нив ви се потребни неколку намирници и добар блендер за соединување. Според рецептот на Александар, подгответе ги овие три вида на бомбици со кои може да ослабете, особено пред лето.

Едните се со ореви и суво овошје, вторите се со кокос, а третите се со какао и индиски ореви. По желба во бомбиците може да додавате јатки и суво овошје по желба. Откога ги имам овие рецепти не сум подготвила ниедни други. Веќе цела година го јадам само ова и успеав да ослабам. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 30 г ореви, 40 г суви кајсии, 40 г суви сливи, 40 г суво грозје. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 180 г урда (или некое крем сирење), 30 г бадемово брашно, 2 лажички кокосово млеко (малку погусто), 2 лажици мед, 30 г кокосови снегулки.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 1 банана, 70 г индиски ореви, 2 лажици незасладено какао (+ за тркалање на бомбиците), 20 г мелени ореви. По потреба зголемете ја количините на бомбиците за да добиете повеќе колачиња.

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во блендер сомелете ги грубо оревите додека да не останат поголеми парчиња. Сувото овошје (суво грозје, суви сливи и суви кајсии) ставете го во подлабок сад и прелијте ги со врела вода. Оставете го овошјето да набубри во водата 10-тина минути.

Потоа, процедете ги на обична салфетка и сомелете ги во блендер. Соединете ја пастата од суво овошје со сомелените ореви. Обликувајте бомбици со големина на бонбона (приближно 15 г), па валкајте ги во сомелени ореви или плазма.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Крем сирењето изгмечете го малку со виљушка ставете го во блендер. Додајте го бадемовото брашно, кокосовото млеко (кое треба да биде со погуста конзистентност) и 2 лажици мед. Сѐ изблендирајте во еднолична паста, па префрлете ја смесата во подлабок сад.

Додајте ги кокосовите снегулки и измешајте. Масата треба да биде умерено густа, ако излезе течна додајте уште кокосови снегулки. Ставете во замрзнувач 10 минути, па обликувајте бомбици, со големина како во првиот рецепт или по ваш избор.

ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Изблендирајте ја бананата, индиските ореви, какаото и оревите. Кога ќе добиете густа паста, обликувајте ги топчињата, па валкајте ги во кокосовите трошки. Доколку пастата е премногу мека, додајтте повеќе од бадемовото брашно, додека да може да се обликува.

Бомбиците може да ги ставите да отстојат во фрижидер, пред да ги послужите, но можат и веднаш да се јадат. Деталите за сите три рецепти може да ги погледнете ОВДЕ.