Пробајте го напитокот кој спречува отоци кога надвор е топло. Практично е бесплатен и неверојатно корисен.

По обилните врнежи конечно пристигна летото, точно, пропратено со прилично високи температури. Топлината и влажноста почнуваат веќе во раните утрински часови. Сепак, како што најавуваат, времето е можно постојано да се менува, од сончево кон врнежливо и обратно.

Ваквите промени во никој случај не се пријатни за повеќето луѓе, особено за хроничните пациенти. Сепак, состојбата што никој не може да ја поднесе кога надвор е топло и немаме друг избор освен лесно да се облечеме е надуеност и отоци, како во нозете, така во стомакот и лицето.

Кај овие проблеми обично помагаат правилна исхрана, суплементи и лекови доколку ги препорача лекарот, но спас може да биде и еден напиток кој последниве години стана особено популарен.

Ако воопшто не сте сигурни зошто сте отечени, британската нутриционистка д-р Памела Мејсон објасни што може да биде причината и понуди наједноставно решение.

Логично би било да сте помислиле дека вашите отоци се резултат на големиот внес ладна вода и чаеви кои ги пиете за да се разладите и да победите жедта и да се хидрирате, меѓутоа д-р Мејсон вели дека проблемот е малку покомплициран од тоа.

„Прво, топлината предизвикува проширување на крвните садови и капиларите, овозможувајќи повеќе течност да ги пополни „просторите“ помеѓу органите и ткивата“, објаснува таа.

„Второ, постојат некои докази дека топлото време може да ја промени мешавината на бактерии во цревата што доведува до дигестивни проблеми. Последиците се дијареа и запек, што доведува до пренасочување на протокот на крв во цревата“, објасни таа.

Трето, топлотниот бран нè тера да консумираме огромни количини ладни пијалаци кои предизвикуваат надуеност“.

Д-р Мејсон истакна дека во повеќето случаи надуеноста не е опаcна, но може да биде и непријатна. За среќа, постојат начини за ублажување на овој симптом, а еден од нив е „магичниoт напиток“. Според нутриционистката, тоа е црн чај со ѓумбир. Оваа мешавина нема да ве чини ни 1 евро, а неверојатно е ефикасна.

Д-р Памела вели дека флавоноидите во црниот чај помагаат при надуеност со тоа што го намалуваат воспалението во цревата. Го регулираат составот на бактериите и микробите во нив, намалувајќи ја количината на штетните (кои предизвикуваат гасови) и зголемувајќи ги здравите.

„Чајот од ѓумбир ги намалува дигестивните пречки, што пак помага да се намали надуеноста.

Овој „магичен“ напиток ќе го направите така што прво ќе сварите свеж ѓумбир исечен на помали парчиња (со големина на палец), а во зовриената и исцедена течност ќе ставите кесичка црн чај и ќе го оставите да отстои десет минути. Напитокот најдобро е да се пие додека е уште топол.

Исто така, се препорачува во исхраната да вклучите храна богата со растителни влакна, како и редовно да вежбате. Јадете полека, џвакајте долго за да избегнете голтање премногу воздух. Избегнувајте газирани пијалаци и прво посегнете по вода и лесни чаеви, е нејзината препорака.