За овој колач не ви треба миксер или месење на тестото. Сите состојки измешајте ги со лажица за да се изедначат и толку, после излевате во еден плех и ставате на печење. Многу едноставна подготовка и добивате фантастичен колач со прекрасен вкус на ванила, орев/лешник, бадем/кајсија, портокал, чоколадо…

ПРВ РЕЦЕПТ




Двобојниот посен колач е секогаш добредојден на нашата трпеза, а особено сега за посните денови. Нема да се покаете ако го направите. По правило се подготвува со јаткасти плодови, но ако не ги сакате, наместо тоа можете да додадете кокосово брашно. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): Како мерка се користи шолја за кафе, околу 120 мл, 6 шолји брашно, 5 шолји кисела вода, 4 шолји шеќер (кристал), 2 лажици масло, 100 г мелени лешници/ореви/бадеми, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер.




И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: рендана кора од портокал/кора од лимон, 2 лажици какао додадено во едниот дел, мармалад од кајсии (може да биде и по ваш избор), чоколадо, црно или бело за глазирање/декорација на колачот.




ПОСТАПКА: Наведените состојки изматете ги со лажица за да се изедначи смесата. Поделете ја смесата во два посебни садови, на половина. Едната половина оставете ја како што е, а во другата додајте какао и соединете.




Премачкајте со малку масло правоаголна тава и наросете со брашно на дното и од страните. Истурете ја темната смеса во неа и израмнете. Печете ја кората, 15-20 минути на 180 степени, во претходно загреана рерна. Потоа, извадете го плехот од рерна и додека е жешко премачкајте го со мармалад, јас користев мармалад од кајсии.




Одозгора прелијте го белиот дел и повторно ставете во рерна на 180 степени. Печете уште 30-тина минути, со повремено проверување. Кога ќе се испече, повторно премачкајте го колачот со мармалад. На изладениот колач изрендајте бело чоколадо / по желба можете да употребите и темно чоколадо.




Бидејќи чоколадото беше тврдо, го ставив на топло место, па полесно го изрендав, како што сакав. Колачот изгледа навистина прекрасно и е многу вкусен. За оваа количина користев плех со димензии 38х20 см. Вториот рецепт не е посен, но е многу вкусен, запишете си го и направете го за божиќните празници:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 2 лажици какао, 1 прашок за печиво. ЗА ПРЕЛИВАЊЕ НА КОРАТА (И НЕ МОРА): 1 шолја (од 200 мл) шеќер, 1,5 шолја вода.

ВТОР РЕЦЕПТ




ЗА КРЕМ 1: 2 пудинзи од ванила, 6 лажици шеќер, 700 мл млеко, 200 г путер/маргарин, 100 мл изматена слатка павлака, 1 ванилин шеќер. ЗА КРЕМ 2: 2 шлаг креми од чоколадо, 250 мл млеко. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: рендано чоколадо.

ПОСТАПКА: Жолчките изматете ги со шеќер, па додајте брашно, прашок за печиво и какао, измешајте и на крај полека додајте снег од белки. Печете во плех 30х25 см. Во меѓувреме сварете го сирупот за преливање (доколку не сакате прелиени колачи, овој чекор прескокнете го, а кората испрскајте ја со малку млеко). Печениот колач полијте го со топол сируп.

ЗА ПРВИОТ КРЕМ: Пудинзите сварете ги на вообичаен начин со шеќер и млеко. Кога ќе излади пудингот додајте изматен путер и изматена слатка павлака и ванилин шеќер. Соединете ги. ЗА ВТОРИОТ КРЕМ: Изматете шлаг креми според упатството на кесичката со 250 мл млеко. Колачот премачкајте го и добро изладете го (барем неколку часа) за да се стегнат кремите.