Какви сè последици по човековиот организам остава kopoна вирусот, дознаваме од ден на ден – бидејќи декогаш има “уште нешто”.

Со оглед на тоа што koвид 19 е инфекција која го напаѓа респираторниот систем, белите дробови се на најголем удар и доколку го издржат ударот на вирусот остануваат најоштетен орган.

Пулмолозите имаат многу совети за тоа како на белите дробови да им ја вратите ослабената функција, а оваа едноставна вежба со балони, кои лекарите ширум светот ја препорачуваат како терапија во текот на закрепнувањето, може да ви го олесни периодот на реконвалесценција и да ја подобри здравствената состојба.

ВЕЖБАЈТЕ ЈА ЕЛАСТИЧНОСТА НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ – Превенцијата е подобра и од лекувањето, особено кога нема лек, како што е случај со инфекцијата koвид 19.

Поради тоа, изградбата на подобра отпорност на дишните патишта и на нашиот имунитет нè става во подобра положба да се избориме со нешто непознато, доколку сепак се случи да се заразиме.

Луѓето со послаб или оштетен респираторен систем или со послам имунолошки систем, секогаш се поподложни на било кој вирус. Доколку се наоѓате во оваа категорија на луѓе или сте сосем здрави, можете во домашни услови да изведувате вежби кои ќе ја зголемат еластичноста на белите дробови, бидејќи функцијата на овој орган започнува да опаѓа после 29.година.

Изведувањето на специфични вежби за дишење за јакнење на белите дробови, исто така ќе ја подобрат и нашата кардио издржливост. Колку се поотпорни белите дробови, толку сте подобро подготвени за отпор и борба против вирусните инфекции.

НАДУВАЈТЕ 5 БАЛОНИ – Обидете се ова. Земете балон, обичен балон за роденденски прослави, и со двете раце ставете го врвот на балонот на усните. Започнете да го дувате балонот така што воздухот ќе се обидете да го “доведете” директно од дното на белите дробови.

Притоа, обидедете се да не ви дуваат образите. Исто така, балонот немојте да го тргате од усните помеѓу вдишувањата, туку дишете само преку нос. Кога ќе надувате еден балон, започнете со дување на втор. И така, додека да надувате 5 балони. Без пауза.

Ова вежбајте го секојдневно и како што велат лекарите, ќе ги зајакнете белите дробови. Ако мислите дека е лесно, обидете се и уверете се. А можете и фамилијарно да вежбате, па дури и вежбата да ја претворите во натпревар. Само, бидете внимателни, бидејќи може да се онесвестите доколку сте во лоша форма. Значи, само онолку колку што можете.

ЗАМЕНА ЗА СПИРОМЕТАР – лекарите нагласуваат дека koвид 19 е многу исцрпувачка болест и никој сè уште не знае колку долго ќе трае, а на повеќето пациенти, како што велат, ќе им биде потребно и по неколку месеци за да се опорават.

Пациентите кои се избориле со kopoна вирусот често добиваат вежби за јакнење на белите дробови кои се прават со помош на спирометар. Но, пред започнување на било какви вежби, неопходна е консултација со лекар.

Поради ситуацијата во која се наоѓаме, медицинските експерти дизајнираа вежби така што пациентот ќе може самостојно да ги изведува.

Доколку не е достапен спирометарот, тогаш се препорачуваат балони, а процесот за вежбање е следниот:

Прв чекор – опуштете ги вратот и рамената. Втор чекор – Вдишете 2 секунди низ нос, задржувајќи го воздухот, како да мирисате ружа.

Трет чекор – Издишете 4 секунди низ стиснати усни, како да дувате роденденски свеќи. Ако ова е предолго за вас, едноставно издишете двојно долго од вообичаено. Целата постапка треба да се повторува во времетраење од 2 минути.