Повеќето луѓе немаат време да направат зимница, па се одлучуваат да купат од супермаркетите. Во речиси секоја подобро снабдена продавница може да се најде домашен ајвар, благ или лут, лутеница, малиџано и други вкусни намази и зимски салати…




Меѓутоа, цената на купечкиот ајвар е доста поскап отколку што чинат суровините за негово подготвување, но ако се земе во предвид времетраењето и работната рака за неговото приготвување, за многумина купечкиот ајвар е поисплатлив од домачно направениот.




Цените на купечките ајвари варираат, а оваа година ќе бидат уште поскапи од претходната. Вкусот најчесто не може да се спореди со оној на домашниот производ, па многумина сепак се одлучуваат сами да си го приготват овој вкусен намаз од пиперки. Душица Миловановиќ пoдготвува ајвар за кој тврди дека е доста исплатлив иако е евтин.




При купувањето на ајвар од супермаркет не можете секогаш да знаете дали тој е подготвен од квалитетни пиперки. Душица и за тоа предлага еден трик: ако ја отворите теглата и ја превртите наопаку, ајварот треба да остане во теглата, во тој случај е квалитетен, на некој начин, нешто слично како проверување на квалитетот на медот.




Душица Миловановиќ од Здружението на жени Барајева додека гостуваше во утринската програма на ТВ Прва откри како можете да направите домашен ајвар во вашиот стан и истовремено да заштедите пари.

Во продолжение на текстот прочитајте го рецептот за ајвар со печени пиперки кој се прави поедноставно од класичниот, а може да се користат и поевтини пиперки. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 кг пиперки, 2,5 кг модар патлиџан, 1,5 литри вода, 1 литар јаболков оцет, 100-150 г сол, 2-3 лажици шеќер, 1 литар масло. Постапка: Во смеса од вода, оцет сол и шеќер кратко се обаруваат исчистени пиперки (исечени на филети или парчиња) и модар патлиџан исечен на тркалца. Потоа се меле и се пржи во 1 литар масло.

Втора варијанта: 5 кг пиперки, 1,5 кг модар патлиџан, 1,5 литар вода, 6 лажици сол, 5 лажици шеќер, 150 мл оцет, 50 мл масло.




ПОСТАПКА: Добро измијте ги пиперките под млаз ладна вода. Во садот можете да сипете вода и сода бикарбона и така оставете ги да отстојат 15 минути. Потоа исплакнете ги, избришете ги или исушете ги, па пресечете ги на половина и извадете ги семките и дршката.




Исчистените пиперки ситно исечкајте ги. Во тенџере измешајте вода, сол, оцет, масло и шеќер. Кога добиената течност ќе зоврие, додајте ги пиперките. Гответе ги неколку минути, но внимавајте да не се преварат.




Откако ќе зоврие водата, варете уште 5 минути. Потоа убаво изблендирајте ги. Може или не мора да додавате модар патлиџан, во зависност дали го преферирате неговиот вкус. Доколку одлучите да го додадете, потоа излупете го и исечкајте го, па додајте го во течноста во која се варени пиперките. Повторете го истиот процес со модриот патлиџан, како за пиперките.




Се вари кратко, па се блендира. Измешајте ги пиперките и модриот патлиџан, па пржете во добро загреано масло. Ако не користите модар патлиџан, само пропржете ги пиперките. За пржење ќе ви треба еден час, а некаде на средина можете да додадете ситно сечкан лук и на тивко пржете додека да се формира конзистентност на ајвар. Потоа топло префрлете во стерилизирани тегли. Објаснувањето на рецептот можете да го слушнете ОВДЕ.