“Болките беа ужасни, сите бои ми се слеваа пред очи, а болката понекогаш беше толку силна што ништо гледав” – открива Колин Симен, 79-годишен пензионер од Велика Британија и стана права сензација, не само во неговата родна земја, туку и во целиот свет.

Тој на сите им го откри чудото со кое успеал да се излекува од силните мигрени, а кои траеле цели 50 години и беше интервјуиран од сите познати светски медиуми.

Секојдневните силни болки започнале да се јавуваат пред неговиот 30.роденден. Бил на лекар кој му препишал таблети против болки. Потоа одел на разни испитувања, менувал доктори, но ништо не можело да му ја отстрани мигрената, туку само малку да ја ублажи – пишува Miror.co.uk

“Болките беа ужасни, сите бои ми се слеваа пред очи, а болката понекогаш беше толку силна што ништо гледав. Сопругата еднаш ме затекна со штипалки на лице! Таа ме разбираше и знаеше дека сум во состојба сè да направам, само да исчезне болката.”

“Да не беа силните аналгетици, мислам дека ќе се само–уб-иев, а ми се смачија и лековите. Ги пиев речиси 40 години секојдневно… За среќа, од еден пријател слушнав дека мигрената може да се излекува со пирсинг на уво”, открива Колин.

Одлучен да го испроба и овој начин на “лекување” и сметајќи дека после толку многу лекови и испробување на сè и сешто, нема што да изгуби, Колин отишол и ја дупнал ‘рскавицата на увото.

“Не знам дали ви се верува, но јас се чувствувам како нов човек! Чувството е одлично кога ќе си дојдам дома, а не морам да мислам колку и какви лекови треба да испијам!”, вели Колин и додава дека не знае колку долго ќе потрае “мирувањето” на мигрената.

“Веќе цел месец не ме заболела главата и се надевам дека сум целосно излекуван”, тој е убеден.

Мислење на експертите

Експертите од областа на алтернативната медицина веруваат дека овој метод може да биде одличен против мигрена, бидејќи делува како акупунктура. Од друга страна, голем број лекари истакнуваат дека не постојат докази дека бушењето на ушната ‘рскавица може да ја излекува мигрената.