Дуњите лекуваат анемија, кашлица, дијареа, несоница а семките штитат од рак

-Во Македонија во 2016 година биле произведени 1279 тони дуњи.-

Лековити својства на дуњата:

-Го помага слабеењето
-Го смирува проливот
-Ја подмладува и хидратизира кожата
-Се користи против акни
-Помага при болести на џигерот и очите
-Корисна е за болести на цревата и желудникот
-Помага при анемија
-Го намалува стресот
-Нејзините семки штитат од рак

Одамна е позната како симбол на среќа, љубов, плодност, памет, убавина, вечност. Одгледувањето на дуњите започнало многу рано, а некои велат дури и пред јаболката.

ДУЊАТА ЈА ЛЕКУВА АНЕМИЈАТА

Најважната состојка на овоа лековито овошје е витаминот Ц, кој има клучна улога во физичкото и за менталното здравје. Витаминот Ц е силен антиоксиданс и не им дозволува на незаситените масни киселини да создаваат слободни радикали.

Дуњата содржи доста пектини што поволно делуваат на крвниот систем и помага при снижување на крвниот притисок, воедно е заштита од радиоактивното зрачење.
Ова благотворно овошје го подобрува варењето, ја лекува анемијата и се користи како додаток во козметичките препарати.

Варениот плод на дуњата се користи против воспалување на желудочната и на цревната слузокожа. Дуњата се употребува и за лекување на слузокожата на грлото, крајниците дишните патишта како и за ублажување на дијареата. Се препорачува да се јаде на празен желудник.

СЕМКИТЕ И ЛИСТОВИТЕ ОД ДУЊАТА

Освен плодот, лековити својства имаат и семките и листовите на дуњата. Семките го содржат амигдалинот или витаминот Б17, што има антиканцерогено дејство. Исто така, семките обилуваат со танин, пектин, шеќери, јаболчната киселина, емулзин и протид.

Чајот од семките на дуњата ја лекува несоницата, ја ублажува напнатоста и ја отклонува непријатната миризба од устата, додека слузта од семките ги лекува изгорениците и раните. Неколку семки од дуња потопени во вода, многу бргу ќе оформат слузеста течност што е добар народен лек против кашлица и воспаление на дишните органи.

Чајот од листовите на дуњата е одличен природен лек за запирање на дијареата. Подгответе го чајот на тој начин што неколку исушени листови од дуњата ќе се прелијат со половина литар зовриена вода. Оставете да отстои 30 минути, па процедете. Чајот козумирајте го топол.

Дуњите содржат многу малку калории и масти, а повеќе јаглени хидрати, диетални влакна и нешто протеини. Исто така, содржат голема количина на пектин, што покрај фантастичната арома ја прави идеално овошје за мармалад, бидејќи и дава желатинозна компонента.
Всушност, зборот мармалад потекнува од португалскиот назив за дуња – marmelo.

Списокот на витамини и минерали не е бесконечен, но она што дуњата може да го понуди трае значително подолго отколку кај другото овошје.
Витамини: Ц, каротин (провитамин А), Б1, Б2, Б3 (ниацин).
Минерали: калциум, магнезиум, калиум, цинк, железо, мангана, натриум, хлор и сулфур.

Уште една компонента – танините, плус слузта, добри се за работата на цревата и спречување на инфективни болести. Поради тврдината потешко се јадат сирови, но многу се вкусни кога ќе се зготват: варени, печени, како компот, мармалад, овошна кашичка.

Пире од дуња се служи како прилог на месо, како одлична контратежа по составот, а се комбинира и со некои солени ориентални јадења.
Кај дуњите се лековити и семките: содржат 15% масло кое е благотворно за ублажување на рани од долго лежење и витамин Б17 (амигдалин) кој има антиканцерогено дејство.

Чајот приготвен од цветови во народната медицина се користи за смирување на кашлица. Истовремено е домашна и егзотична; дуњата ја вбројуваме во нашето традиционално овошје, но ретко ја консумираме.
Дуњата (Cydonia oblonga) е единствениот вид од родот Cydonia. Таа е дрво, високо од 4 до 6 m. Распространета е во Азија и Европа.

Дуњата е овошје кое било обожавано од старите Грци, бидејќи според грчката митологија дуњата симболизира љубов и среќа.
Римјаните ја користеле за добивање на етерични масла кои се основен ресурс за производство во парфимериите.

За оние што не знаат, дуњата претставува витаминска бомба. Освен со минерали и големи количества масти, таа е богата и со протеини, јагленохидрати, диетални влакна, но содржи и многу танински материјали и пектини

Според енергетската и нутритивна вредност во 100 грама дуња има само 60 калории, а богата е со растителни влакна, таа е добар извор на железо, калиум и бакар. Содржи и многу танински материи.
Дуњата е богат извор на витамин Ц, а доколку изедете 100 грама дуња ќе задоволите 25% од дневните потреби на организмот за овој витамин.

Лековити се плодовите, листот и семето, а од плодот особено сокот и сирупот.
Во својот состав има и бета каротен и слуз. Во Македонија во 2016 година биле произведени 1279 тони дуњи.

Ако ви се најде дуња при рака, не ја заобиколувајте. Баш така како што изгледа – со ненаметлива надворешност, со мирисот придвижува добри емоции, а со својата суштина на организмот му дава значајна поддршка.

Loading...