Дудинките се бобинки, најчесто црни (црници), бели или црвени, од кои најчесто се приготвува вино, овошен сок, џем или зимница, но најубава е секако, кога се јаде свежа како меѓуоброк, пишува НМД.мк




Поради својот сладок вкус, импресивната хранлива вредност и различните здравствени придобивки, дудинката добива популарност низ целиот свет. Во оваа статија ќе можете да прочитате за најважните бенефити од исхраната богата со дудинки.




Благотворноста на дудинките по здравјето

Дудинската или екстрактите од дудинката може да бидат корисни како помош во бор-бата против неколку хронични болести, како што се болестите на срцето, дијабетесот и ракот, пишува НМД.мк




Понизок холестерол

Истражувањата покажуваат дека дудинката и екстрактите од дудинката можат да го намалат вишокот маснотии и да го намалат нивото на холестерол. Тие исто така можат да го подобрат односот помеѓу ЛДЛ (лош) и ХДЛ (добар) холестерол.




Подобрете ја контролата на шеќерот во к рвта

Дудинката може да биде корисна против дијабетесот со забавување на порастот на шеќерот во к рвта после оброкот. Но, за да може 100% да се потврди ова, потребни се дополнителни студии.




Го намалува ризикот од рак

Дудинката може да го намали нивото на холестерол, да помогне во превенција од замастен црн дроб и да ја подобри контролата на шеќерот во к рвта. Овие бобинки исто така го намалуваат оксидативниот с трес, кој може да го намали ризикот од рак. Со стотици години, црницата е дел од традиционалната к инеска медицина како лек против рак.




ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД ЦРНА ДУДИНКА

Прелијте 50 г лист од дудинка со 500 мл зовриена вода, поклопете да отстои 10 часа. Процедете и пијте во текот на денот. Лекува дијабетес.

ЛЕКОВИТ СИРУП ОД ДУДИНКИ

Еден килограм црни дудинки ставете во половина литар вода и додајте две лажици јаболкова киселина. Оставете да отстои 24 часа. Следниот ден промешајте ја смесата со еден килограм интегрален шеќер или друг природен засладувач, па варете до посакуваната густина. Складирајте во стерилизирани тегли и пијте неколку пати на ден, растворено со вода.




ЧАЈ ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС

Од многу одамна чајот приготвен од лист од дудинка се користи за третирање на дијабетес тип 2. Еден од најважните уникатни квалитети на овој чај, е неговата способност да го спречи покачувањето на нивото на шеќерот во кр-вотокот.




РЕЦЕПТ: 50 г сув лист се прелива со половина литар вода, се поклопува и се остава да отстои 10 часа. Потоа се процедува и се пие во текот на целиот ден. Овој чај, исто така може да спречи и некои воспалителни процеси во телото, помага при кашлица, б олка во грло, црвенило на очи.




Чајот може да спречи и развој на повеќе видови бактерии вклучително и стрептококи. Може да се пие топол или ладен, а може да се приготвува од свежи или суви листови, од бела или црна дудинка. Многу е ароматичен и затоа се препорачува да се пие незасладен, особено ако се користи во случај на покачен шеќер или за сла-беење.




Мармалад од дудинки – брзо се прави, одличен вкус што не се опишува

Овој мармалад е одличен, брзо се приготвува, вкусот е таков што не можам да го опишам. Единствено мора да направите и да пробате. Можеби некому нема да му се допаѓа што користев Џемфикс, па во тој случај можете да го исфрлите и да го приготвите на класичен начин.

Потребни состојки: 3 кг плодови дудинка, 1 кг шеќер, 2 џемфикс супер

Постапка: дудинките измијте ги, дршките не треба да им ги отстранувате. Ставете ги во широко тенџере, па додајте шеќер и варете додека да почне да врие, со повремено промешување. Додајте џемфикс супер и варете уште пет минути. Кога ќе излади складирајте во тегли. Мармаладот е одличен, многу брзо е готов.