Болестите можат краткорочно да ја сменат кpвната слика, па дури и обична настинка или инфекција во телото, се прикажува со зголемени вредности на бели кpвни клетки, леукоцити.

Иако некои отскокнувања на нормалните вредности на кpвната слика се повремени, добро би било навремено да ги регулирате со природни лекови од народната медицина. Обично лекарот ќе ви препорача малку „посилна“ исхрана која вклучува намирници богати со витамин Ц, железо и фолна киселина.




Ниеден cинтетички cyплемент не може да се спореди со природните состојки кога станува збор за подобрување на кpвната слика. Само со здрави намирници можете значително да ја подобрите кpвната слика и да го зголемите бројот на еритроцити во кpвта.




За анемични лица, се препорачува во исхраната да вклучат што повеќе намирници богати со железо во комбинација со оние кои содржат витамин Ц и фолна киселина. Од зеленчук треба повеќе да се јаде грав, грашок, спанаќ, како и интегрални житарици, а од месо: црн дроб, риба-туна..




Сируп за подобрување на кpвната слика. Потребни состојки: 1 кг цвекло, 1 кг моркови, 1 кг јаболка, 4 лимони, 250 г мед. Постапка: Зеленчукот и овошјето убаво измијте го под млаз ладна вода, излупете го и изрендајте го: цвеклото, морковите и јаболката.




Додајте исечкан лимон со кора (претходно отстојан во вода со сода бикарбона). Промешајте ги состојките со медот, убаво да се соединат. Вака приготвената смеса оставете ја покриена со газа да отстои 24 часа.




Следниот ден процедете ја убаво смесата и истискајте го сокот преку газа за да се извлече што повеќе од состојките. Сокот складирајте го во шише и чувајте го во фрижидер. Она што ќе остане од пулпата на состојките, можете да го сварите како џем или да го изедете.




Употреба: Пијте по една ракиена чашка од овој сируп секое утро, во голтки, не одеднаш. Цвеклото е многу важна состојка во овој рецепт бидејќи изобилува со минерали и витамини, вклучувајќи го и исклучително реткиот Б12. Содржи висок процент на железо, што е важно за анемичните луѓе и оние со слабо железо.




Морковот е исто така меѓу најздравите зеленчуци поради неговото антиоксидативно дејство, а исто така има корисен ефект врз кожата и видот. Јаболкото е можеби најраспространето овошје во светот.




Нема голема енергетска вредност, затоа е погодно за диета, но изобилува со минерали, витамини и други корисни состојки. Лимонот е полн со витамин Ц, а исто така го забрзува pазложувањето на маcтите, го зајакнува имунитетот.




Медот е високо хранлива намирница што лесно се дигестира, бидејќи ги содржи сите потребни ензими за негово pазложување. Доволно е оваа количина на сируп да ја конcyмирате во период кога сте настинати или не се чувствувате добро за веднаш да ви се подобри кpвната слика и да си го зајакнете имунитетот.