Дознајте како да го направите напитокот кој ја лекува штитната жлезда

Од желади можете да направите напиток кој е сличен на кафе, кој има исклучително поволно дејство врз штитната жлезда. Треба да си направите залиха од мелени желади и да варите по една лажичка, еднаш дневно за регулирање на работата на оваа многу важна жлезда, пишува НМД.мк

Потребни состојки: 1 лажичка мелени желади, 100 мл вода, мед или шеќер по потреба, малку млеко по потреба (не мора, медот и млекото се само додатоци за подобрување на вкусот)

Постапка: Зрелите желади се лупат и се мелат во блендер. Пред подготовка најпрво пропржете на сува тава една лажичка, а тоа можете да го направите и во истото ѓезве во кое ќе го варите кафето. Потоа прелијте со врела вода (100 мл) и варете 10 минути.

Единствена разлика во однос на обичното кафе е тоа што ова мора да го процедите и нема „кајмак“ односно пена. По желба и вкус можете да го засладите и да додадете малку млеко.

ПРИМЕНА: Откако ќе го процедите свареното кафе, испијте го напитокот топол. најдобро е да се пие наутро. Значи, секое утро сварете си кафе од желади и испијте го. Овој напиток е одличен и проверен за работата на штитната жлезда. Исто така, ја подобрува и кр-вната слика, односно лекува анемија.

Меѓу другото (огромен е списокот на бенефити), помага при костобол, како и б олки во зглобови, особено кај жени после 40-тата година од живот и кај жени со мен.струални проблеми. Бидете здрави! – Маја Чириќ

Желадот во себе содржи состојка која се нарекува танин. Токму тој му дава горчина на ова “кафе”. Танинот со текот на времето се губи, поради температурата или поради воздухот.

Вкусот е малку погорчлив, па може по желба да се додаде мед или кој што сака. Во 100 г желади се содржат: 140mg Фосфор, 84mg Калциум, 300mg Калиум, 55mg Магнезиум, 25mg Железо, 9mg Натриум, 3,5mg манган, 0,88mg Цинг, 0,7mg Бакар.

Кафето од желади може да се приготвува и пие како и секое друго кафе, а вкусот се прилагодува со додавање на шеќер или мед. Еве за што помага кафето од желади: ја подобрува кр-вната слика, односно ја лекува анемијата која е последица на губиток или недоволен внес на железо во организмот;

Превенција на рахитис кај деца и адолесценти; намалување на костобол и болки во зглобови, особено кај жени после 40-тите години од животот; во регулирање на работата на штитната жлезда; кај жени со менструални тегоби;

кај проблеми со дигестивниот систем, кај надворешни и внатрешни хемороиди; за секаков вид на проблеми со кр-вните садови и целиот кардиоваскуларен систем; во стабилизација на крвниот притисок; за намалување на нивото на холестерол и триглицериди.

ИСКУСТВО на Марко Стевановиќ: Јас ги собирав желадите првенствено поради тоа што може од нив може да се направи леб, па и сè останато. На нашите простори порано многу се користеле желадите во време на глад. Луѓето ги собирале и ги мелеле во мелници, па од нив меселе леб. Затоа во текот на историјата дабот го сметале за “свето дрво”.

Ви ставив слики од секоја постапка, од обработката, па до завршетокот. Секако, може и подобро. Особено што се однесува до мелењето. Тука имав доста проблем. најдобро е желадите да се сомелат на млин.

Кај го мелев во машина за ореви, и после некое време ми откажа (но, мелев голема количина зошто имав порачки). Со ова би сакал да им дадам идеја и на другите, како можат да си приготват лековито кафе од желади и да си решат некој здравствен проблем, завршува Марко.

ЛЕКОВИТО КАФЕ ОД ЖЕЛАД. Многумина и не слушнале за кафето од желад, а толку многу е лековито. За да го приготвите, потребен ви е мелен желад. Значи, потребно е да си наберете потполно зрели плодови од желад кои не се оштетени од влага или од црв.

Желадите се мелат на млин или во машина за мелење месо или било која друга посилна машина, потоа се суши добро како прав и се складира во лимена кутија и се чува на суво и темно место. Секој ден се пропржува дозата што ќе ја приготвувате на многу тивок оган, сè додека да добие темнокафеава боја.

Една лажичка од овој прав од желади помешајте со зовриена вода во шолја од кафе (100 мл), а потоа откако малку ќе отстои, процедете го кафето и додајте мед или шеќер или неколку капки млеко, по вкус. Дневно се пие по една до две шолји вакво кафе, како лек за регулирање на работата на штитната жлезда.

Претходна статијаНАТАША ЈА ПОБЕДИЛА БОЛЕСТА: Лекарите и давале две седмици живот, а еве како се излекувала
Следна статијаРецепт од нашите баби кој штити од тромбоза, го одржува срцето здраво и ја подобрува крвната слика