Вкусна зимница која ја имам преку цела година во големи количини. Бидејќи кај нас домати има во секое време можете да си ја правите оваа салата постојано и има рок на траење до една година.




Многу брза и лесна подготовка, ќе ви требаат само 5 минути да ја подготвите, а ќе ја имате во секое време. Се прави од неколку состојки, има слична киселост како туршијата, но уште поубаво и повкусно. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг домати или помалку ако користите со стандардна големина. Јас користам од овалната сорта, па затоа ми се 3 кг доволни, 2 главици лук, 1 голема лажица шеќер, 1,5 голема лажица сол, 1 мала лажица ал-кохолен оцет.




Ќе ви биде потребна и зовриена вода, за која нема одредено количина, се додава во зависност од големината на теглите. За оваа количина, потребни ми се 2 големи тегли од по 2 литра. Најпрво доматите добро измијте ги и извадете им ја горната дршка (но и не мора).




Со виљушка направете дупчиња на 2-3 места и започнете да ги редите доматите во теглите. Наполнете до горе додека ви собира во теглите. Потоа зовријте околу 2 литри вода и наполнете ги теглите со неа до врвот.




Добро затворете ги со соодветниот капак и оставете доматите да отстојат 15 минути. Користете чисти и здрави тегли, претходно пастеризирани со соодветниот здрав капак кој што доаѓа со нив.




По изминатото време процедете ја водата во чинија или директно во лавабо и фрлете ја. Двете главици лук исчистете ги од лушпата, секое чешне посебно, а потоа изрендајте ги на најситниот дел од рендето или со специјален сечкач за лук, иситнете го секое чешне посебно.




Во секоја тегла додајте по 1 супена лажица шеќер, 1,5 лажица сол. Потоа прелијте ги до врвот со нова зовриена вода, само што сте ја тргнале од рингла. Додајте во секоја тегла по мала лажичка ал-кохолен оцет и одозгора распределете го на половина ренданото лукче.




Теглите добро затворете ги со специјален затворач за тегли и ставете ги на памучна крпа со капакот одоздола, превртени. Оставете ги да се оладат преку ноќ, а потоа складирајте ги во оставата на некое темно и суво место. Овие домати имаат рок на траење до 1 година. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.