Домати во шише за зима…Најдобриот рецепт…Подгответе си ја вашата залиха од вкусен „жив“ доматен сок…Вака подготвениот домат има вкус како да е тукушто набран…

Без пастеризација и без готвење…Содржи винобран за да се спречи вриење на доматниот сос. Еве што ви е потребно:

СОС ОД ДОМАТИ Без шеќер и без конзерванси, а може да се пие како сок или да се додава за подобрување на вкусот на јадењата – рецептот прочитајте го ОВДЕ.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

20 кг домати
1 китка магдонос
4 кесички конзерванс (4х5 г)
1 винобран од 10 г
сол по вкус (3 полни раце)

ПОСТАПКА:

1.Во големо и широко тенџере ставете го претходно измиениот и исчистен домат. Сомелете го.

2.Додајте ситно сечкан магдонос (по вкус можете да додадете црн пипер во зрно, ловоров вкус, лута пиперка…). Јас не му додадов ништо, само магдонос.

3.Додајте сол, винобран и конзерванс. Промешајте за да се растопат состојките, па покријте го тенџерето со крпа и оставете го да отстои 24 часа на собна температура.

СОС ОД ДОМАТИ: Без шеќер и без конзерванси, а може да се пие како сок или да се додава за подобрување на вкусот на јадењата

4.По изминатиот период проверете дали е доволно сол, па по потреба додајте. Доматниот сок полнете го во чисти и суви стаклени шишиња или тегли (може и во пластични шишиња).

5.Затворете и складирајте. Вака подготвениот домат не се расипува цела зима. Постапката погледнете ја ОВДЕ.