Фото и рецепт: Ивана Мишиќ – лековито масло за болки во увото

Маслото е многу делотворно и брзо ги смирува болките во увото. Делува уште истиот ден, но многу е важно веднаш да се започне со користење, штом болките започнат. Мерките на состојките се одокативни.

Потребни состојки:

50 мл маслиново масло
2-3 чешниња лук
1 лажица диво оригано (вранилова трава)
1 лажица ајдучка трева

Постапка:

Во едно тенџере ставете вода и во таа вода ставете една тегла. Во теглата ставете маслиново масло, ситно сечкан лук, додадете диво оригано и ајдучка трева. Лукот делува како антибиотик, ориганото е антисептик, а ајдучката трева ги ублажува болките и делува антисептично.

Многу е важно водата да не врие, туку да струи на тивок оган… кај мене тоа на шпоретот е на 3. После три часа маслото е готово. Процедете го низ газа и складирајте го во шишенце со капалка.

Употреба: Користете по неколку топли капки многу често на почетокот, на секои два часа. Па полека намалувајте како што симптомите ќе исчезнуваат. Маслото може да се чува во фрижидер и пред употреба да се загрева под млаз топла вода.

Најдобрите мацерати се прават без термичка обработка, кои отстојуваат 4-6 седмици или месеци, но ова беше итен случај, ќерка ми ја болеше увото и морав брзо да го приготвам. Одличен микс од билки и нема рок на употреба.

Напомена: не сум лекар и не претендирам некого да лекувам. Го споделувам рецептот кој јас го користам и се покажал одличен за мене и моето семејство. Секогаш бидете внимателни доколку сте алергични на некоја од состојките.

Фото и рецепт: Ивана Мишиќ