Домашни пити-бурекчиња со спанаќ и сирење…постапката е лесна и едноставна, а печивата се многу вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 чаша топла вода
1/2 чаша јогурт
1/2 чаша масло
1 лажичка сол
1/2 кесичка сув квасец
2 лажички шеќер
3.5 чаши брашно
За премачкување: растопен путер или масло

За фил:
1 кг спанаќ
1 главица кромид
50-60 мл масло
1 чинија сирење
сол, чили пипер, мелен пипер

ПОСТАПКА:

1.Водата, шеќерот и квасецот измешајте ги. Додајте масло и јогурт и продолжете со мешањето.

2.Контролирано додавајте брашно и сол и замесете меко тесто што не се лепи. Изработете го на работна површина.

3.Покријте и оставете да ферментира околу 1 час. Во меѓувреме, подгответе го филот.

4.Во измиениот и сечкан спанаќ додајте ситно сечкан кромид, урда/ситно сирење, масло, сол, чили пипер и пипер во прав и убаво измешајте.

5.Нежно премесете го ферментираното тесто и обликувајте го на 7 еднакви парчиња. Топчињата ставете ги на набрашнета чинија, покријте ги и оставете ги да отстојат 5 – 10 минути.

6.Првото тесто сразвлечете го во тенка кора и по потреба посипувајте брашно за да не ви лепи. Откако ќе се отвори до дијаметар од приближно 60 cm, премачкјате го со маснотија преку цела површина.

7.Исечете ја кората на 4 дела. на поширокиот дел од секое парче ставете по 2 лажици од филот и завиткајте го во ролат, а потоа како полжав.

8.Подготвените печива наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги со крпа и оставете ги да одморат 15 – 20 минути.

9.Премачкајте ги со жолчка и печете ги во загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/dEOz1lWqYjs?si=SVq4hIyWsWKQXlNe