ДОМАШНИ ЛИСНАТИ КИФЛИ БЕЗ ДИПЛЕЊЕ НА ТЕСТОТО…Меки и воздушести со многу дупчиња во внатрешноста…Ова е мојот фаворитен метод во кој се користи обичен путер, а кифлите излегуваат крцкави однадвор, а меки однатре, исти како кроасаните.
За овој рецепт користам 120-130 г несолен путер. Летно време ставам 5 г, а зимно време 10 г квасец. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
300 г сенаменско брашно
40 г шеќер
5 или 10 г сув квасец
160 г ладна вода
30 г путер
1 лажичка сол
И уште: 120-130 г несолен путер
За премачкување одозгора: 1 жолчка + 1 лажичка млеко
По желба можете да ги филувате, но и вака се вкусни
ПОСТАПКА:
Од наведените состојки замесете тесто со помош на миксер со продолжетоци за тесто или рачно. Потребни се 10-12 минути месење за да се добие еластичност. Поделете го на 12 топчиња и оставете ги покриени да одморат 20 минути.
Развлечете ги топчињата во долгнавести кори и преку цела површина премачкјате ги со по 10 г путер. Полека свиткајте ги во ролатче и оставете ги во фрижидер 20 минути.
Потоа секое ролатче ставете го помеѓу две кеси и развлечете го во долгнавеста лента со должина од 30-тина см. Едниот крај сосем малку потсечете го и од тој крај започнете многу тенко да свиткате кифличка.
Покријте ги кифлите и оставете ги во замрзнувач 10-15 минути. Можете да ги оставите и подолго, па да ги печете кога ќе посакате.
Откако ќе извадите од замрзнувач површински засечете ги на 2 места 2-3 мм длабочина и наредете ги во плех. Оставете ги на топло место да ферментираат додека да го зголемат волуменот.
Премачкјате ги со жолчка и печете ги 20-25 минути во претходно добро загреана рерна на 190 степени (оставете 15 минути да се загрева пред да ги ставите на печење). Постапката погледнете ја ОВДЕ: