Домашни лепчиња брзо спремни…Идеален избор за сендвичи…Евтино и многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно
5 г сол
5 г сув квасец
375-400 мл вода
30 мл маслиново масло

ПОСТАПКА:

1.Во млаката вода растворете го квасецот. Додајте сол и масло и повторно промешајте. Започнете постепено да го додавате брашното. Мешпајте со шпатула сè додека брашното целосно се инкорпорира.

2.Тестото е доста лепливо и затоа не се меси со рака. Покријте го со најлонска фолија и оставете го да ферментира 30 минути. По изминатото време натопете ги рацете во вода и започнете со диплење-месење.

3.Опфатете го тестото од едната страна, повлечете и префлете преку него, како да го покривате. Повторете ја постапката од сите 4 страни, а по потреба натопувајте ги рацете во вода за да не ви лепи.

4.Повторно покријте го тестото и оставете го да ферментира следните 30 минути. Потоа повторете го диплењето-месење уште еднаш. Покријте го тестото и оставете го да ферментира по трет пат, следните 30 минути.

5.По трет пат здипкете го/премесете го, а по четврти пат покријте го и оставете го 30 минути да ферментира. Тестото ферментира вкупно 4 пати по 30 минути и 3 пати се дипли.

6.Истресете го тестото врз набрашнета површина, посипете го со брашно одозгора и лесно притиснете го со дланките одозгора за да се развлечи во големина приближна 32х24 см, а дебелина 1 см.

7.Со набрашнета шпатула или нож пресечете го тестото на 8 парчиња. Секое парче префрлете го во плех обложен со хартија. Покријте ги и оставете ги да ферментираат 30 минути.

8.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени, 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.