Веројатно веќе имате некој свој испробан рецепт за подготовка на гриз кнедли за супа, па доколку ви е проверен, можете да го споделите истиот со читателите на НМД. Во продолжение ќе ви откриеме неколку рецепти, сите проверени, а кнедлите се многу вкусни. На вам останува да го одберете рецептот кој најмногу ви одговара.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 цело јајце, 4 супени лажици масло, 8 супени лажици пченичен гриз, малку сол по вкус. Од додатоци можете да користите разни зачински билки, ситно сечкан магдонос, власец или слично, меѓутоа ако првпат правите кнедли, тогаш најдобро е да се држите до основниот рецепт.




ПОСТАПКА: со виљушка или жица маталка добро изматете го јајцето да стане пенасто (според некои, прво се мати белката во снег, а потоа се додава и жолчката). Потоа се додава маслото и малку сол по вкус.




Повторно добро се мати и постепено се додава гризот. промешајте па оставете минута-две. Може да ви делува ретка смесата, но гризот доста брзо ја впива влажноста и смесата згуснува доволно да може да се црпнува со лажица.




Во тој случај не треба ништо да додавате преку она што е потребно и наведено во количината. Супата или процедената течност ставете ја на оган да зоврие, па намалете ја температурата, доволно за да врие полека.




Потоа вадете со мала лажичка од смесата и спуштајте во врелата супа. Имајте во предвид дека кнедлите многу ќе пораснат, па затоа водете сметка колку кнедли ќе ставите. варете ги приближно пет минути.




Потоа исклучете го огнот, поклопете и оставете малку да отстојат така. Потоа вратете го зеленчукот во супата ако така ја послужувате и наросете со ситно сечкан магдонос. Вториот рецепт е на Тања, одличен и проверен рецепт кој сигурно ќе ви се допадне. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4-5 рамни супени лажици гриз, 1 прстофат сол, 1 кафена лажичка масло и едно јајце.




ПОСТАПКА: Најпрво одвојте ја белката од жолчката во посебни садови. Белката изматете ја со виљушка или жица-маталка додека да стане пенаста, а потоа додајте ја жолчката и промешајте за да се изедначат. Во изматеното јајце додајте една кафена лажичка масло.

Посолете со прстофат сол и додајте четири рамни супени лажици гриз, па доколку има потреба се додава уште една лажица. Откако убаво ќе промешате, ќе забележите дали смесата е поретка отколку што треба, па дури тогаш додајте уште малку гриз. Ова најмногу зависи од величината на јајцето.




Посолете со прстофат сол и додајте четири рамни супени лажици гриз, па доколку има потреба се додава уште една лажица. Откако убаво ќе промешате, ќе забележите дали смесата е поретка отколку што треба, па дури тогаш додајте уште малку гриз. Ова најмногу зависи од величината на јајцето.




Откако убаво ќе ја соединате смесата, оставете ја да одмори 10-тина минути за да има време гризот да набубри. По изминатото време можете да ги правите кнедлите и да ги спуштате во супата или варивото (во мојот случај тоа е грашок манџа).

Најпрво потопете ја лажицата во варивото или супата, нурнете ја за да се натопи од врелата течност, па црпнете од смесата околу половина лажица или две третини, па спуштете ја во варивото. Повторно натопете ја лажицата убаво пред да црпнете од смесата.




Повторувајте ја постапката додека да ја потрошите целата смеса. Кнедлите од гриз за неколку минути ќе го зголемат двојно својот волумен. Намалете ја температурата и продолжете со готвење уште неколку минути за убаво да се сварат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Коментар на Маре Димоска: „Прекрасни се, јас наместо масло ставам една лажица путер и малку сечкан магдонос, имаат многу убав вкус, ги обожувам”.