ДОМАШНИ ФЕРЕРО РОШЕР топчиња – ГОТОВИ ЗА САМО 20 МИНУТИ! Еве што ви е потребно за овие ситни, мали и многу вкусни залчиња:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г наполитанки од лешник
300 г сечкани лешници
150 г чоколадо
250 г маргарин/путер
100 г еурокрем/нутела или лешников крем по ваш избор

За глазура:
3 лажици масло
150 г чоколадо

ПОСТАПКА:

1.Се топи маргаринот со чоколадото, се трга од оган, се додава еурокремот и сето убаво се меша.

2.Во друг сад издробете ги наполитанките и измешајте ги со сечканите лешници.

3.Измешајте ја чоколадната смеса со смесата од наполитанки и ставете ја во фрижидер.

4.Растопете го чоколадото со 3 лажици масло.

5.Од изладената смеса со дланки формирајте топчиња со големина на орев (во средината можете да ставите лешник, но секако се вкусни), па потопете ги во растопено чоколадо и ставете ги во подготвениот плех.

6.Готовите топчиња ставете ги во фрижидер да се стегнат пред да ги послужите.