ДОМАШНА ШЕЌЕРНА ВОЛНА ОД 3 СОСТОЈКИ…

Исклучително пријатно за подготовка и многу вкусно.
Омилена на ќерка ми Калина… Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г брашно
400 г шеќер
200 мл вода
2 тркалца лимон за вкус

ПОСТАПКА:

Во тава пропржете 400 г просеано брашно 5-7 минути на средна температура. Истурете го во чинија и оставете да се излади.

Во тенџере се ставаат 400 г шеќер + 200 мл вода и 2 парчиња лимон да се варат додека да се добие густ сируп (како мед). Сирупот истурете го во плиток сад и мешајте додека да се излади

Намачкајте ги рацете со масло и почнете да го месите шеќерното тесто додека да стане целосно еластично.

Го ставаме во форма на ѓеврек врз брашното и почнуваме постојано да го растегнуваме (почнува да изгледа како ролна предиво), сѐ додека да го впие целото брашно.. Добар апетит…Од Кети Лубомирова