Уште многу одамна го правеа нашите баби, бидејќи овој сок освен што е вкусен и освежителен, тој исто така, е многу лековит. Нашите баби ни оставија рецепт кој е вистинско богатство за денешно време, ако се земе во предвид во каков период живееме.

Бозелот е одличен за следниве болести: воспалено грло и крајници; синузитис; настинки; ревматоидни заболувања; астма; го чисти организмот од ток-сини. Чајот од листовите се користи за кожни проблеми, а исто така го поттикнува и излачувањето на урината, па се користи и за намалување на високиот притисок.

Рецепт за сируп од бозел од цветови, без шеќер и конзерванси

Потребни состојки: 10 свежо набрани цветови со големина на дланка, 1,5 литар вода, еден лимон, стевија или мед

Постапка: откако ќе се наберат цвеќињата, потопете ги во ладна вода. Оставете ги да отстојат еден ден на темно и ладно место. После тоа, процедете ја водата и додајте исцеден сок од еден лимон. Засладете со стевија или мед по вкус.

Совети кои е добро да се знаат:

I Бидејќи овој рецепт не вклучува конзерванс, доколку направите поголема количина сок, еден дел складирајте го во пластични шишиња и ставете го во замрзнувач, за да не ви се расипе сокот.

II Кога ги берете цветовите, правете го тоа на сончево време и избирајте само зрели и големи соцветија.

III Најдобро би било бозелот да го берете во природа, на еколошки чисто место каде што не поминуваат автомобили и нема непосредно загадување.

Одберете го најдобриот: Три рецепти за домашен сируп од бозел – ем лековит, ем вкусен

Бозелот е во полн цвет овој период, па затоа доколку сте можност, ова е идеална прилика неговиот преубав мирис и арома да ги складирате и за следните месеци, секако, во облик на сируп. Не заборајавајте да оставите барем половина од цветовите за пчелите, па подоцна наесен, од бобинките ќе направите екстра лековит џем.

Ако сте едни од оние кои досега немаат искуство во приготвувањето на овој сируп, од страв дека е комплицирано, веднаш ќе ви кажеме дека целата приказна всушност е многу едноставна, а резултатот совршен.

Цветовите од бозелот мора да се собираат на сончево време, и тоа само оние кои се целосно расцветани со жолт и сладоносен прав. Исто така, внимавајте местото од кое ќе берете да биде еколошки чисто.

РЕЦЕПТ ЗА СОК ОД БОЗЕЛ И НАНЕ

Потребни состојки: 40 цветови бозел, 4-5 раце свежи листови нане/мента, 3 литри вода, 30 г лимонска киселина и 3 кг шеќер

Постапка: добро измијте ги цветовите и листовите нане со ладна вода. Ставете шеќер во водата и варете додека целосно да се растопи. Сирупот оставете го да подизлади, па додајте лимонска киселина, бозелот и нането.

Оставете ја смесата покриена 24 часа. Потоа процедете го сирупот низ газа, складирајте во шишиња и вашиот сок е готов. Растворајте по вкус.

СОК ОД БОЗЕЛ СО КОПРИВА

Потребни состојки: 15 цветови бозел, 15 млади врвови од коприва, 3 литри вода, 40 г лимонска киселина, 2 лимони, 1 цитрон/грејп, 3 кг шеќер

Постапка: потопете ги цветовите од бозел и копривата во вода со лимонска киселина и на кругови исечени лимони и исцеден грејп/цитрон. Добро промешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа. Вториот ден процедете ја течноста, па додајте шеќер и добро промешајте.

Оставете да отстои уште 24 часа со повремено промешување. После 48 часа сирупот е спремен и можете да го складирате во стаклени шишиња. На тој начин можете да го чувате и до една година на ладно и темно место.

КЛАСИЧЕН СИРУП ОД БОЗЕЛ

Потребни состојки: 30 цветови бозел, 3 литри вода, 40 г лимонска киселина, 3 лимони, 3 кг шеќер

Постапка: потопете ги цветовите во вода со лимонска киселина и на кругови исечен лимон со кора. Добро измешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.

Следниот ден процедете го, па додајте шеќер и добро промешајте. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање. После 48 часа сирупот е спремен за складирање во стаклени шишиња. На овој начин можете да го чувате до една година на ладно и темно место.