ДОМАШЕН СОК ОД 1 КГ ПОРТОКАЛИ: Се добиваат 10 литри вкусен сок

Од еден килограм портокали може да добиете 10 литри вкусен и освежителен сок. Сокот од портокали е еден од најбараните пијалаци на светот поради неговиот карактеристичен освежителен, цитрусен вкус. Не мора да го купувате, туку можете и сами да си го направите.




Овој сок е идеален за забави, детски родендени и други разни пригоди. Се приготвува од само 3 состојки, а од само 1 кг портокали (околу 4 портокали), ќе добиете 10 литри сок. Многу е вкусен и освежителен, погоден за сите годишни времиња.




Потребни состојки: 1 кг портокали, 700 г – 1 кг шеќер (или стевија), 6 г лимонска киселина и 9 литри вода

Постапка: Портокалите добро измијте ги со ладна вода и оставете ги во раствор со малку сода бикарбона да отстојат еден час. Уште еднаш измијте ги под млаз ладна вода, па наредете ги во тенџере, прекријте ги со вода колку да биде прекриено овошјето и оставете го така преку цела ноќ.




Следниот ден таа вода фрлете ја, а портокалите заедно со кората исечете ги на парчиња и отстранете ги семките. Ставете едно поголемо тенџере на оган, да зоврие 1 литар вода.

Во врелата вода ставете една кесичка лимонтус, па портокалите исечени на коцки и шеќерот, па заедно варете ги на умерен оган околу 20-30 минути. Тргнете го тенџерето од оган и со рачен миксер измиксајте ги портокалите во тенџерето.




Миксајте доволно долго додека да добиете фина, мазна каша, без поголеми парчиња. Оставете ја смесата малку да подизлади, па додадете ги преостанатите 8 литри вода и промешајте. Добиениот сок прелијте го во чисти стаклени шишиња и уживајте во вкусниот напиток.




Совет: Доколку не сакате многу сладок сок, намалете ја количината на шеќер, па наместо 1 кг употребете 700 г шеќер. Ако не сакате да има пулпа во сокот, тогаш процедете го низ газа или низ ситна цедалка.

II РЕЦЕПТ Рецепт: Од 1 кг портокали и 0,5 кг моркови, добивате 10 литри многу вкусен сок! Фотографија и рецепт на Антонија Лукиќ.




Сокот е превкусен, децата го сакаат, често го приготвувам во двојна доза. Ова е рецепт за една доза, а јас секогаш го правам двојно. Исто така, купувам лимонска киселина во пакување од 100 г зошто е поисплатливо, а и често го приготвувам овој сок.




Потребни состојки: 1 кг портокали, 500 г морков, 50 г лимонска киселина, 1 кг шеќер, 2 литри вода за готвење и 8 литри вода за подоцна

Постапка: Портокалите убаво измијте ги со ладна вода, па оставете ги неколку часови да отстојат во вода со малку сода бикарбона. Морковите исто така измијте ги добро и отстранете ја од нив нечистотијата.




Исечете ги портокалите и морковите па ставете ги во тенџере со 2 литри вода и лимонска киселина. Гответе на умерена температура 45 минути. Кога ќе бидат омекнати измиксајте ги со рачен миксер или во блендер, па оставете на страна да излади.




Во 8 литри вода растопете 1 кг шеќер. Кашестиот сок преку газа или сито процедете го во водата. Доколку сокот го сакате погуст, тогаш не мора да го цедите. Ако користите домашни портокали, доволно е само да ги процедите. Но ако се купечки, јас вака постапувам:




Ги потопувам 24 часови во солена вода за да се извлече горчината и пестицидите. Кога ќе ги готвите најдобро е да се исечкаат на коцкички, а морковот да се изренда или исечка со сечко.

Може да додадете и јаболка или праски или кајсии, односно овошје по желба. Како ја зголемувате количината на овошје, така пропорционално зголемете ги водата, шеќерот и лимонската киселина. / Фотографија и рецепт на Антонија Лукиќ

Претходна статијаЧАЈ ОД АРОНИЈА: За враќање на cилата после прележана болест
Следна статијаСЕ ПИЕ 3 ДЕНА: Го лекува гастритисот и бoлкитe во желудникот, одличен природен лек кој се подготвува од 2 состојки