Овој домашен лек од лесно достапни намирници и природни состојки ни го испрати Ирена Здравеска. Освен што овој сируп е наменет за чистење на к рвните садови од плаки и на тој начин ја подобрува проодноста на к рвта, исто така значително го зајакнува имунолошкиот систем.




Овој природен лек е исклучително добар за сите оние кои имаат висок к рвен притисок, бидејќи успешно ќе им го регулира. Покрај другото, откако ќе се испие целата количина се забележуваат и видливи промени во когнитивните функции, а сето тоа се должи на подобрата исхранетост на мозокот и сите ткива во телото.




Ирена вели дека овој домашен сируп го пијат преку целата година и тој ги одржува во добро здравје. Напитокот не се готви, што значи дека од него се користат сите хранливи и лековити материи. Потребни се само две состојки, лимони и лук, а потоа се остава да „одлежи“ на темно и ладно место 25 дена. Еве како се приготвува:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг лимони и 25 чешниња лук (приближно 3 главици). Постапка: од лимоните исцедете го само сокот и ставете го во некој посебен сад. Од три главици лук извадете ги 25-те најголеми чешниња.




Лукот исчистете го, а потоа ситно сомелете го и додајте го во лимоновиот сок. Промешајте и смесата складирајте ја во стаклени тегли, претходно измиени, стерилизирани и суви.




Затворете ги цврсто со капаци кои сте ги пребришале со чист ал-кохол. Потоа теглите завиткајте ги убаво во кујнска крпа и оставете ги на некои темно и ладно место до кое не допира светлина.




Повремено теглите протресувајте ги, барем еднаш неделно, за да се промешаат состојките, особено лукот кој се таложи на дното. После 25 дена лекот е спремен за користење.




УПОТРЕБА: По една мала ракиена чаша (30 мл) секое утро, половина час пред појадок. Напитокот е доста силен, па може да се раствори во чаша млака вода. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.