I РЕЦЕПТ и видео презентација на Cookrate – Домашен помфрит, многу повкусен и покрцкав од оној во рестораните за брза храна.

Потребни состојки: 500 г компир, 1 лажица пченкарен скроб, 1 литар масло, 50 мл оцет, 3 литри вода, 150 г кечап, 2 чешниња лук, 50 г чили

исечете ги компирите
измијте ги во ладна вода

Постапка: Компирите измијте го убаво со ладна вода, па излупете ги. Потоа исечете ги на тркала со дебелина приближно од 7-10 мм, па исечете тенки ленти како за помфрит.  Сечените парчиња компир веднаш ставајте ги во ладна вода за да не потемнат.

во водата додајте 50 мл масло
протријте ги со рака

Во водата додајте 50 мл масло, па убаво со рака протријте ги компирите за да излезе од нив што повеќе скроб. Исцедете ги од заматената вода и ставете ги во плех обложен со хартиена салветка за да ја впие вишокот влага од компирчињата. Одозгората натапкајте ги со уште еден слој салветка.

исцедете ги и ставете ги врз хартиена салветка
добро исушете ги

Откога убаво ќе се исушат, компирчињата наросете ги со една лажица пченкарен скроб. Добро промешајте ги за да може правта од скробот рамномерно да се налепи на компирчињата. Вака приготвени компирчињата се подготвени за пржење (или печење, кој сака).

наросете ги со една лажица скроб

Ставете ги во мрежеста фритеза и спуштете ги во загреано длабоко масло. Оставете ги да се пржат неколку минути додека за заруменат малку, а потоа подигнете ги и оставете ги да се исцедат од маслото. Претурете ги во сад обложен со хартиена салветка.

ставете ги да се пржат во фритеза
додека да заруменат малку
исцедете ги од вишокот масло
за сос: измешајте 150 мл кечап, 50 мл чили сос и две чешниња лук, изрендани

Сос: во длабок сад ставете 150 мл кечап и додајте 50 мл чили сос. Две чешниња лук излупете, исечкајте ги ситно или изрендајте ги, па додајте ги во кечапот. Промешајте и по желба додајте разни зачини по ваш вкус. И сосот е готов, можете да го послужите заедно со помфритот. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во вкусот

II РЕЦЕПТ – Крцкав помфрит речиси без капка масло (со само две лажички)!

Рецепт и видео презентација на Анита од AnitaCooks. За да го приготвите овој крцкав, вкусен и здрав компир потребно е да го исечкате вообичаено како што тоа го правите кога приготвувате класичен помфрит, па да го зачините и убаво измешате. Доволно е една до две лажици масло.

Потребни зачини: сол, црн пипер, лук во прав, магдонос во прав (сув па мелен), мајчина душичка или рузмарин

Постапка: компирот измијте го, излупете го и исечкајте го. Додајте малку масло колку да се обложат компирите. Потоа додајте ги зачините (една лажичка сол, малку лук во прав, црвен пипер во прав, 1/2 лажичка куркума во прав и чили во прав) или по желба додајте она што сакате, измешајте добро, па распоредете врз хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 220 степени, 40-тина минути или додека убаво да заруменат за да добијат убава коричка. После тоа ќе добиете крцкав и вкусен помфрит речиси „без капка“ масло, или со минимално употребено масло. Постапката од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

III РЕЦЕПТ – Здрав ПОМФРИТ од палента – многу едноставно за приготвување

Потребни состојки: 1 литар вода, 220 г палента, масло, морска сол. За наросување избор од суви зачини: магдонос, рузмарин, мајчина душичка, пипер; пармезан

Постапка: ставете ја палентата со малку сол во ладна вода и сварете ја на класичен начин. Излејте во тепсија 20 см претходно намастена со масло. Оставете да излади 15-тина минути, а потоа покријте ја со проѕирна фолија и оставете целосно да излади.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изладената палента исечкајте ја на ленти како помфрит. Тепсијата обложете ја со хартија за печење па наредете го помфритот. Наросете малку масло и морска сол па печете. Времето на печење зависи од јачината на рерната и од тоа колкави парчиња сте исекле, но отприлика е 25 минути. Готовиот помфрит наросете го со суви зачини и послужете со кечап или некој сос по ваш вкус.