Рецепт на Драгана Михајловиќ од “Направи сама – Идеја за креативци – Направи сам” – Домашен мултивитамински сок без конзерванси со многу малку шеќер, а кој е готов за 15 минути.

Домашен густ сок без конзерванси со малку шеќер – Поубав е од купените сокови, и многу поздрав. Наједноставна подготовка за густ домашен мултивитамински сок. Содржи многу малку шеќер и вкусот е фантастичен. Може да го подготвите во кое било време, а потребни ви се само 15 минути.

Сите состојки се овошје со малку шеќер и вода. Се прави многу едноставно и брзо, а децата ќе го обожаваат. Интересно е тоа што може да го подготвите за многу кратко време и одеднаш може да направите голема количина. Но, со сигурност ви гарантитаме дека на вас и вашите деца ќе ви стане омилен, брзо ќе се испие и по неколку дена ќе направите нова тура.

Сите знаеме колку се нездрави купечките сокови кои се полни со адитиви и конзерванси, а особено со додадени шеќери, а од овој мултивитамински сок излегува голема количина и изобилува со многу витамини. Сокот може да стои со месеци доколку го чувате на темно и суво место.

Овој мултивитамински сок има преубава портокалова боја, а е направен од јаболка, моркови и круши кои се едни од најздравите намирници богати со витамини и минерали. Доволно е да испиете една чаша од овој сок за да бидете исполнети со енергија и да останете свежи во текот на денот.

Доколку мислевте дека правењето домашен сок е комплицирано, ова е доказ дека тоа не е точно. Овој сок ќе го направите за 15 минути, а доколку сакате да експериментирате додадете и некое друго овошје или зеленчук. Јас и моите деца најмогу го сакаме подготвен на овој начин со овие 3 намирници.

Потребни состојки: 1 кг јаболка, 500 г круши, 500 г моркови, 2 лимонтуси, 200 г шеќер, 3 литри вода.

Количината на вода и шеќер можете да ја промените во зависност од тоа дали претпочитате посладок или покисел сок.

Подготовка: Најпрво излупете ја кората на јаболката и исечете ги на средни парчиња. Не заборавајте да ги извадите семките на јаболката. Веднаш префрлете ги во големо тенџере, а доколку немате распоредете ги јаболката и останатите состојки во две тенџериња.

Во тенџерето додадете 2 литри вода и започнете да ги сечкате крушите. Извадете ја лушпата и семките на крушите. Потоа исто како и јаболката исечете ги крушите на средни парчиња и додадете ги во тенџерето со вода. Измијте ги морковите, излупете ги и исечете ги на кругчиња.

Пред да го ставите тенџерето на рингла, додадете го шеќерот и двата лимонтуса. Малку промешајте ги сите состојки и додадете уште малку вода доколку е потребно. Количината на шеќерот може да ја прилагодите според вашите потреби, доколку сакате да е поблаг сокот додадете уште малку шеќер, но оваа количина е сосем доволна, а сокот е превкусен.

Ставете го тенџерето на ринга, а во меѓувреме подгответе ги стаклените шишиња. Може да користите различни порцелански шишиња со различна форма и големина. Потребно е да ги стерилизирате во претходно загреана рерна на 100-150 степени.

Кога водата во тенџерето ќе почне да врие, намалете ја температурата за неколку степени и оставете го сокот да се готви уште 20 минути. Најважно е морковот да омекне бидејќи тој се готви подолго од јаболката и крушите на кои им е доволно 5 минути варење за да омекнат. Повремено вадете ја пената која се собира на површината на водата.

Кога морковот ќе омекне, тргнете го тенџерето од рингла и со рачен блендер директно изблендирајте ги сите состојки во тенџерето. Доколку немате рачен блендер, префрлете ги сите состојки во обичен блендер, но водата оставете ја во тенџерето. Откога ќе се изблендираат сите состојки, повторно вратете ги во тенџерето и соединете ги со водата.

По блендањето сокот е подготвен. Стерилизираните шишиња оставете да се изладат, а повторно настанатата пена во тенџерето продолжете да ја вадите. Ќе забележите дека сокот има преубав овошен мирис кој ќе ве маѓепса, а веднаш ќе посакате да го пробате.

Во стерилизираните шишиња ставете инка и наполнете ги со густиот сок. Не заборавајте да ги стерилизирате и капачињата на шишињата. Доволно е да ги пребришете неколку пати со чист алкохол.

Кога ќе го префрлите сокот во стаклените шишиња, покријте ги сите заедно со ќебе и оставете сокот да се излади некое време. Чувајте го на ладно и темно место. Ако сакате дополнително да го пастеризирате сокот, кога ќе ги наполните шишињата со сок, вратете ги во рерна на 100 степени уште половина час, иако нема потреба. Деталите од целата постапка погледнете ја ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска