Рецепт и видео презентација на BonApeti. За да го приготвите овој мајонез ќе ви бидат потребни следните состојки: 400 мл масло, 1 супена лажица лимонов сок, свежо исцеден, 2 свежи јајца со средна величина и сок по вкус, приближно 1-2 прстофати.

Постапка: Во висок сад, а најдобро во тегла ставете го маслото, додадете две свежи јајца, лимонов сок и посолете по вкус. За да го збогатите вкусот може да додадете и половина лажичка сенф. Потоа со рачен миксер започнете да ја матите смесата започнувајќи од дното.

Кога ќе забележите дека после неколку секунди смесата се претворила во светла емулзија, започнете миксерот постепено да го подигнувате нагоре. Целата постапка трае околу половина минута. Миксајте додека да ја постигнете посакуваната густина на мајонезот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Рецептот го испроба и Весна Сабиќ – За само 2 минути направете го највкусниот домашен мајонез. Фотографии и рецепт на Весна Себиќ – Ова е најлесниот и најбрзиот начин за добивање на мајонез. Многу лесно се приготвува, добивате една тегла која е доволна за тековна употреба.

Постојат рецепти за домашен мајонез кои се приготвуваат подолго време и потребно е долго матење, при што се добива поголема количина која мора да ја искористите најчесто за руска салата или слично. Овој рецепт е едноставен, а добивате многу вкусен мајонез.

Единствено што ви е потребно да имате дома рачен миксер, а останатите состојки сигурно веќе ги имате во кујната. Потребни состојки: 1-2 јајца, 1 лажичка сенф, ½ лажичка шеќер, ½ лажичка сол, 1 лажичка оцет или лимонов сок, масло за јадење. Постапка:

Во една стаклена тегла скршете две јајца, додадете лажичка сенф, лажичка оцет или лимонов сок, по половина лажичка сол и шеќер и дополнете ја теглата ¾ со масло. Потоа рачниот миксер ставете го до доното на теглата каде лежат јајцата и состојките и вклучете го.

За помалку од една минута ќе забележите дека смесата згусната и побелува, па тогаш започнете миксерот полека да дигате нагоре. Како ќе побелува односно ќе згуснува, миксерот подигнувајте го за 0,5-1 см нагоре додека да се формира целиот мајонез.

Значи она што е потребно за правење на овој мајонез е да се започне со рачниот миксер од дното и со кратки движења горе-долу да се стигне до површината. Сето ова трае околу 2 минути и вашиот мајонез е готов.

Прочитајте го и третиот рецепт кој можеби најдетално ја објаснува постапката и она на што треба најногу да се обрати внимание. ДОМАШЕН МАЈОНЕЗ готов за неколку секунди. Без емулгатори, без конзерванси, без засилувачи на вкус, без стабилизатори.

Здраво НМД, сакав со вас да споделам еден рецепт кој го најдов на руски сајт, го испробав и морам да ви кажам дека е одличен. Многу е вкусен, но она што е најважно, не содржи разни штетни хемикалии кои обично се додаваат во ваквите производи и оттогаш постојано го правам за домашна употреба и особено за слави и други празнични пригоди кога ми е потребен мајонез за салати.

Многу одамна се обидов да направам домашен мајонез, но не ми успеа. Се обидов уште неколкупати но сите обиди завршуваа безуспешно. Овој уште кога го погледнав видеото, знаев дека е вистинскиот рецепт. Неверојатно е вкусен и неспоредливо мега брзо!

Се приготвува навистина за неколку секунди. И уште нешто, пред да ви го откријам мајонезот, сакам да ви кажам дека густината му е перфектна, испробано не ја менува формата два дена! Значи има неверојатна конзистенција, можете да украсувате со него, да правите најразлични фигури со него, а тие нема да се се отпуштат цели два дена.

Потребни состојки: 1 јајце, ¼ лажичка сол (или по вкус, но прво пробајте со помалку зошто лимонот го засилува солениот вкус), ½ лажичка шеќер (мора малку, го подобрува вкусот), ½ лажиче сенф (без сенф ќе добиете бел мајонез), 1 супена лажица лимонов сок (или оцет, ама поубаво е со лимон).

Ќе ви биде потребно и околу 150-180 мл рафинирано масло од растително потекло (густината на мајонезот зависи од количината на мслото), ако ставите ладно цедено ќе биде горчливо малку – испробано. Важно: *сите намирници треба да бидат на собна температура.

Постапка: Во една стаклена тегличка ставете лимонов сок, сол и шеќер, промешајте. Потоа додадете сенф и растително масло. Тука веќе не мешаме. Нежно го кршиме јајцето и внимателно го истураме во маслото. Не смее да се растури жолчката!!! Потоа земете рачен блендер и со него поклопете ја жолчката и спуштете го до дното на теглата.

Дури тогаш вклучете го! Веднаш ќе забележите создавање на емулзија и за неколку секунди мајонезот ќе биде готов. Значи, она што е важно да се запамти: блендерот не го вклучувајте додека не биде до дното, односно да ја потисне жолчката, и кога ќе забележите дека се создава мајонезот за неколку секунди, постепено и полека започнете да го дигате нагоре додека не се формира целиот мајонез.

И толку! Многу лесно и едноставно добивате прекрасен мајонез! Овој мајонез е без вештачки бои, без емулгатори, конзерванси и други хемикалии. Но, не заборавајте дека мајонезот е сепак висококалоричен, па не претерувајте со негова консумација. Во продолжение имате и видео од рускиот сајт, ако сакате да ја погледнете целата постапка ОВДЕ.