Домашен локум за со кафе…Наједноставниот рецепт!
Доколку сакате слатки, домашни десерти, тогаш локумот со ореви е вистинскиот избор за вас! Овој рецепт е брз, едноставен и не бара многу состојки.
Без разлика дали ќе го направите за гости или ќе уживате во него со шолја кафе, домашниот локум ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
2 чаши шеќер
3 чаши вода (или сок од портокал, малини…)
сок од 1/2 лимон
1 чаша скроб/нишесте/густин
1 чаша вода
1/2 чаша сечкани ореви
малку шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА:
Ставете да зоврие шеќерот, водата и сокот од лимонот, а во друг сад растворете го густинот со чаша вода. Густинот додајте го во сирупот и мешајте непрекинато додека да добиете смеса како пудинг. Варете подолго на ниска Т додека да згусне.
Кога на дното од тенџерето ќе се прави трага од лажицата, значи дека е готово. Додајте ги оревите, промешајте и сипете во калап обложен со хартија и посипан со шеќер во прав. Одозгора посипете шеќер во прав, а следниот ден исечете го.
Погледнете го деталниот процес на подготовка во видео рецептот и уживајте во совршено вкусниот домашен рахат локум! ОВДЕ: