Овој рецепт ни го испрати госпоѓа Татјана Митрова

„Овој народен лек е особено ефикасен како поддршка при лекувањето на бронхитис, а истовремено го закрепнува организмот и го подобрува неговиот имунитет. Важно е да се следи постапката на подготвување и продуктите кои се користат во овој рецепт да бидат свежи. Ова особено важи за јајцата.“-вели Т.Митрова

Потребни состојки:

2-3 јајца домашни (снесени истиот ден, најубаво неколку часа по снесувањето)

Сок од лимон

Мед

Постапка:

Јајцата се мијат убаво со сунѓер, па се ставаат во тегла со поширок отвор. Се прелеваат со свежо исцеден лимонов сок, кој треба да ги покрие целосно јајцата. Теглата се затвора со газа и се остава во фрижидер околу 5-7 дена, додека јајцата да се стопат.

Потоа смесата треба да се процеди убаво низ густа газа. Се мери количината од добиената течност, па се додава исто толкава количина мед. Сето убаво се меша, и се чува во фрижидер.

Употреба: по една супена лажица, трипати дневно.

Рок на траење: 5-6 дена, чувано во фрижидер.

Постапката може да се повтори неколку пати.