Некои го викаат Колдрекс или Андол Це, што секако не е тоа, но по мое повеќегодишно искуство, делува идентично. Вие проверете, несакани и опасни нуспојави нема.

Потребни состојки:

3 лимони непрскани

1 ½ литар вода

1-2 лажици мед

Постапка:

Значи, и покрај досегашните сознанија за витаминот Ц, во овој случај напитокот се прави врел. И така треба да биде. Јас го испробав на мене повеќе од 20 години, а добиен е од тетка на сопругот, сега веќе е старица.

Во еден сад ставете вода и лимон пресечен на тркалца заедно со кората. Оставете да зоврие се додека кората да омекне. Подоцна со вилјушка или лажица малку ќе притиснете за да излезе и од кората што повеќе сок.

Врелата лимонада изладете ја до температура која можете да ја пиете, што потопло тоа подобро.

Пијте колку можете, по малку. Ако ви остане и за друг ден, нема проблем, само загрејте и одпочеток. Има пријатен вкус (кисело-горчлив).

Со оглед на тоа што чајот е врел, не се изненадувајте што брзо ќе ве препоти, но после тоа ќе почувствувате значително подобрување. Чајот или топлата лимонада, како сакате наречете ја, секојаш пијте ја кога сте настинати или чувствувате дека ве фаќа грип, помага гарантирано. Не е сакпо, сите ги имате состојките. Не заборавајте, мора да биде со кора, во неа има некои етерични масла кои си ја завршуваат својата работа. Весна.